Црна хроника
Почнува судењето на докторите за лажните инвалидски пензии

За еден час во Основниот суд 1 во Скопје почнува судскиот процес за криминалот со издавањето лажни инвалидски пензии
Обвинети се 36 лица. За случајот „Метастаза“ првообвинет е докторот Сашо Јосимовски (37), лекар од Клиниката за кардиологија и претседател на Комисијата за ревизија за утврдување на инвалидност при Министерството за труд и социјална политика. Неговата соработничка Љубица Величкова (50), началничка на Одделението на комисија за оцена на работната способност во прв степен при Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е второобвинета.Според обвинението тие биле први во ланецот лекари и посредници кои имале задача од стручен аспект да направат проценка која документација им е потребна на заинтересираните за пензија. Некои од нив издавале и невистинита медицинска документација, во која наведувале дијагнози со кои барателите полесно го остварувале правото на пензија по приложување на истата кај стручните комисии. Со лекарите соработувале посредниците Азем Кофрц и Љупчо Буитевски, кои ги наоѓале заинтересираните за инвалидска пензија. Нивна задача била да пронаоѓаат лица кои биле заинтересирани за пензија, прибавувале документација, а преку лекарите медицински наоди. Откако ќе била набавена потребната документација, се утврдувала провизијата за заинтересираните лица.Со истрагата беше утврдено дека се наплаќала тарифа од неколку илјади евра во замена за остварување на правото за инвалидска пензија. Криминалот со инвалидските пензии беше откриен во април годинава откако полицијата по примената на посебните истражни мерки во суд спроведе 33 лица, а со истрагата списокот на инволвирани се прошири. Поголем дел од групата се наоѓа во истражниот затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.