Црна хроника
Велешанец украл 500 евра од ташната на продавачка
Дваесет иосум-годишниот Е.М. од Велес заработи кривична пријава за „тешка кражба“, кога на почетокот на мај годинава украл 500 евра и два мобилни телефона од продавачка во продавница на „Жито Вардар“
Кражбата се случила во вечерните часови кога продавачката го затворила дуќанот и се упатила кон својот дом. Пријавениот ја чекал да затвори и потоа ја следел со цел да и ја одземе ташната во која го носела дневниот промет.Во еден момент арамијата употребил сила и и ја одзел ташната во која имало околу 500 евра и два мобилни телефони. Трчајќи се упатил во непознат правец. Едниот од телефоните веднаш го продал на непознато лице. Но телефонот завршил кај трето лице. Токму телефонот ја отворило трагата и полицијата го пронашла сторителот. Тој е приведен во полициската станица во Велес. Против него до основното јавно обвинителство е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело Тешка кражба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

