Црна хроника
Почина уште еден од работниците кои настрадаа кај „Дрисла“
Почина уште еден од повредените работници од јавното претпријатие на „Комунална хигиена“ кои вчера настрадаа при превртување на камион во близина на депонијата „Дрисла“
Се работи за педесет идве-годишниот Неџит Мурати кој им подлегнал на повредите во скопопската Градска болница.Трагичната сообраќајна несреќа се случи вчера меѓу 12:30 и 13 часот кога камионот од засега непознати причини излетал од патот на излезот на „Дрисла“ и се превртел. Еден од вработените почина на лице место, а двајца други работници беа повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.