Црна хроника
Битолчани краделе во Велес

Четворица битолчани пред четири дена дојшле во Велес и украле злато вредно милион денари од златарница во Велес. Битолчаните во златарницата платиле рачен часовник а си заминале со скапиот златен накит
Дијана Иванова, од ВелесКражбата ја извршил најмладиот од нив 15 годишниот Д.М Тој заедно со четириесет и едно годишниот Е.М, осумнаесет годишниот А.С. и деветнаесет годишниот М.К. најпрво влегле во златарата, се распрашувале за парфеми и часовници, барале од продавачката да им ги покажува и додека тројцата се обидувале да и го свртат вниманието Д.М. ја украл ролната во која стоел златниот накит и со еден од пријателите побегнал од продавницата. Е.М. купил часовник и откако вработената му го наплатила тој не почекал да ја добие фискалната сметка, туку веднаш избегал. На паркингот го чекале другите битолчани, го запалиле возилото и избегале кон Скопје.На бензиска пумпа во близина на Скопје тие запреле да наполнат гориво. Тогаш М.К. кој управувал со возилото го забележал златото во џебот на Д.М. , се изненадил, но Е.М. дури тогаш му рекол дека од Велес украле злато, да молчи пред полицијата за што ќе биде награден.Случајот веднаш бил пријавен во велешката полиција и по преземените истражни дејствија А.С. и М.К. набргу се приведени во полициската станица. Вработената во златарата ги препознала арамиите. Двајцата обвинети Д.М. кој го украл златото и Е.М. се уште се во бегство.СВР Велес до основното јавно обвинителство поднесе кривични пријави против Д.М. Е.М. и А.С. за сторено кривично дело тешка кражба додека против М.К. за помагање при извршување на кражбата. Инаку, според СВР Велес Е.М. и Д.М. на полицијата и биле познати од поодамна и досега биле пријавувани за слични кривични дела извршени во земјава и земјите од соседството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Џудо-федерацијата лани му ја одзела лиценцата на тренерот осомничен за полови злоупотреби на ученички

Четириесет и шестгодишниот тренер по џудо од Прилеп, кој се сомничи за полови злоупотреби на малолетнички што му биле ученички, бил на дисциплинска постапка од Македонската џудо-федерација за злоупотреба на официјални документи.
„Во врска со последните случувања поврзани со обвинувањата за малтретирање малолетнички од тренер по џудо, згрозени сме од информациите во јавноста и очекуваме брзо разрешување на случајот. Веруваме дека истрагата целосно ќе го расветли случајот за што како Федерација целосно сме им на располагање на истражните органи.
Посочениот тренер одамна не е член на Федерацијата и уште минатата година беше дел од дисциплинска постапка поради злоупотреба на официјален документ испратен од Светската џудо-федерација, како и поради прекршување и непочитување на Статутот и други мерки и протоколи. Поради оваа дисциплинска постапка, одземена му е лиценцата за тренер по џудо и исфрлен е од Џудо-федерацијата на Македонија за што официјално беа известени сите надлежни институции вклучувајќи ја и Агенцијата за млади и спорт“, информираат од Федерацијата.
Црна хроника
Приведен скопјанец баран со потерница

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – отсек за потрага, постапувајќи по распишана потерница од Основниот суд – Скопје 1, го привеле А. Б. (38) од Скопје за издржување казна затвор од една година и два месеца во врска со чл. 236 ст. 1 од КЗ на РСМ. Тој ќе биде предаден на казнено-поправна установа, информира МВР.
Топ
Возач итно пренесен во болница откако со автомобил се забил во банкина кај „Мавровка“

Автомобил марка „пежо“ удри во банкината на крстосницата кај трговскиот центар „Мавровка“. Според очевидци, инцидентот се случил околу 11 часот и 30 минути.
Возачот со брза помош е пренесен во градската општа болница „Свети Наум Охридски“. За видот и тежината на повредите, засега нема информации.
Непознати се и причините поради кои возачот изгубил контрола врз автомобилот.
Од МВР, детали за сообраќајката најавија по увидот. Поради несреќата, полицајци го регулираат сообраќајот.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот