Црна хроника
Браќата Миладинови бараат ослободителни пресуди за случајот „Изгрев“
Во Апелациониот суд во Скопје се одржа јавна седница на која се дискутираше за жалбите во случајот „Изгрев“ за кој по шест ипол години затвор добија браќата Ѓорѓи и Димитар Миладинови, осудени за перење пари, измама со кредит, давање исправа со лажни податоци
„Нашата работа беше чиста, парите одеа преку трансакциски сметки. Никогаш не сме учествувале во криминал со перење пари. За казните сметаме дека се драконски. Бараме ослободителни пресуди”, вака кажа, а и напишале во жалбите до Апелациониот суд браќата Миладинови. Жалби на пресудите поднесоа и останатите обвинети. Според пресудата основниот суд го отфрли обвинението кое ги товареше дека се дел од организиран група. Три стечајни судијки, стечајна управничка која го водела предметот за хотелот „Изгрев“, и бизнисмен беа ослободени од обвинението. Кај нив не е утврдено дека незаконски работеле. Службеничка во катастарот е условно осудена. Адвокатите Савовски и Бегова осудени се на една односно шест месеци затвор, нотаСудот оцени дека биле инволвирани во нелегалните зделки на браќата Миладинови. Нивната фирма Миладинов чиј содружник е МПЦ земала кредити од две банки тешки над 6 милиони евра, за реновирање на струшкиот хотел „Изгрев“, но парите ги употребувале за други намени и не ги вратиле на банките. К.М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај Кучевиште
Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат с.Кучевиште- с.Кучевишка Бара.
Во несреќата учествувале патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(65) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(57) од с.Кучевиште, скопско.
На местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „форд“ В.П., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ Ж.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, а извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Пијан 36-годишник од Кичево се однесувал агресивно во казино, двајца охриѓани се истепале во друго казино
Рано утрово, во 04:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека во казино на улицата „Абас Емин“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.У.(35) и М.„Н“, двајцата од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, извести СВР Охрид.
Исто така ноќеска во 03:10 часот на улицата „Тане Цалески“ во Кичево, полициски службеници го приведоа 36-годишниот Р.С. од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во казино во Кичево агресивно се однесувал кон вработените. По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,06 промили алкохол во крвта. Тој е спроведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа: кривична пријава за охриѓанка
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти.
Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.

