Топ
23-годишно момче почина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Битола-Прилеп
Во раните утрински часови на регионалниот пат Битола – Прилеп, помеѓу село Тополчани и село Алинци, се случи сообраќајна несреќа во која почина едно лице.
Како што информираат од полицијата станува збор за 2-годишниот К.Ј. од село Секирци.
Тој управувајќи патничко моторно возило „Сеад Ибица“ со прилепски регистарски ознаки излетал од патот и починал на местото на настанот, посочиваат од МВР.
Од полицијата инфомираат дека е извршен е увид на местото на несреќата и дека се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Се соблекувал пред малолетнички и ги вознемирувал
31-годишник се соблекувал пред малолетнички информираат од полицијата.
Имено, надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против 31-годишник од ресенско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“.
На 29.09.2025, пријавениот се соблекувал пред две малолетнички и ги вознемирувал.
Свет
Полицијата ги објави првите детали за напаѓачите од возот во Англија
Две лица сè уште се борат за живот по масовниот напад со нож во воз помеѓу Донкастер и Лондон вчера вечерта, соопшти британската полиција.
Нападот се случил во 18:25 часот по локално време во воз на Лондонската североисточна железница (LNER) што сообраќал од Донкастер во Јужен Јоркшир до станицата Кингс Крос во Лондон. Според полициските податоци, десет лица се повредени, од кои девет имале повреди опасни по живот. Четворица оттогаш се пуштени од болница, додека двајца се сè уште во критична состојба.
Надзорникот Џон Лавлес изјави на прес-конференција на станицата Хантингдон дека „во рок од осум минути од повикот на 999, двајца мажи се уапсени“.
„Тие се 32-годишен маж, црн британски државјанин и 35-годишен маж со карипско потекло. И двајцата се родени во Обединетото Кралство и се уапсени под сомнение за обид за убиство“, рече Лавлес.
Тој додаде дека во моментов „нема ништо што укажува дека станува збор за терористички напад“. Истрагата ја води Британската транспортна полиција, во соработка со антитерористичките единици, кои помагаат да се утврдат околностите и мотивите на нападот.
Според сведочењето на патниците, напаѓачот почнал да боде луѓе по случаен избор откако возот поминал низ Питерборо во Кембриџшир. Полицијата добила неколку повици од возот околу 19:40 часот, и набрзо бил запрен на станицата Хантингдон, на околу 15 минути возење од Питерборо.
Вооружени полициски сили пристигнале на местото на настанот и влегле во возот и ги привеле двајцата осомничени. Сведоците рекле дека полицајците користеле елетрошок за да совладаат еден од мажите кој држел нож.
На местото на настанот беа испратени бројни екипи за итни случаи, вклучувајќи и хеликоптерска амбуланта. Според полициските проценки, целиот инцидент траел помеѓу 10 и 15 минути. Неповредените патници биле испрашувани, а некои од нив биле префрлени во Лондон со автобус.
Пратеникот од Хантингдон, Бен Обез-Џекти, изјави за Би-Би-Си дека по пристигнувањето на местото на настанот, пронашол „околу десетина амбулантни возила, неколку противпожарни возила и повеќе од 20 полициски автомобили“. Железничката станица и блискиот пат А1307 останале затворени во недела наутро, додека возот сè уште бил на перонот под полициски надзор.
Сведоците опишаа сцени на паника и хаос во вагоните за Би-Би-Си, додека патниците трчале и се обидувале да избегаат од напаѓачот.
„Слушнав некого како вика „бегајте, човекот буквално ги боде сите“, мислев дека е шега поради Ноќта на вештерките“, рече Оли Фостер. Тој видел постар човек со рани на главата и вратот кој се обидел да ја заштити девојката од напаѓачите, додека другите патници се обидувале да го сопрат крварењето со своите јакни.
Друг сведок, Врен Чемберс, рече дека едно лице било избодено во раката и трчало низ возот за да ги предупреди другите патници, додека некои избегале во паника кон предниот дел од возот, а други се скриле во тоалетите.
Дин Мекфарлан, вработен во лондонското метро, рече дека на перонот на станицата Хантингдон видел неколку луѓе како трчаат крвави и преплашени, меѓу нив и човек во бела кошула „целосно покриен со крв“.
Премиерот Кир Стармер го нарече нападот „ужасен“ и „длабоко загрижувачки“. Полицијата сè уште ги истражува сите околности на инцидентот.
Македонија
До 11 часот гласале 10,1 отсто од избирачите, најмногу во Пробиштип, намалку во Сарај
Одѕивот до 11 часот на вториот круг од локалните избори изнесува 10,1 проценти.
Според информациите на Државната изборна комисија, највисока е излезноста во Пробиштип каде гласале 22 проценти од избирачите, а висока излезност има и во Лозово и Крушево, со околу 20 и 19 отсто. Најниска е излезноста во Сарај со 1,86 отсто и Чаир со 2 проценти.
Излезеноста на гласачите во Град Скопје до 11 часот изнесува 8,30 проценти.
Оценето е дека гласањето тече без проблеми, а единствениот застој бил забележан во Дојран, каде поради технички проблем со уред за биометриска идентификација имало краток прекин, кој бил веднаш отстранет. Во вториот круг се гласа во 32 општини и Градот Скопје, на 1.771 избирачко место, а право на глас имаат 1.013.375 граѓани.
Првичните неофицијални резултати ќе бидат објавени по 20 часот. Некаде околу 23 часот, се очекува да бидат познати сите резултати од гласањето на изборите во вториот круг.

