Црна хроника
Полицаец барал 250 евра за да не се изврши судска пресуда
Полицаец уценувал двајца скопјани и им барал 250 евра поткуп за да не спроведе судска пресуда за сообраќаен прекршок, соопшти МВР
Триесет и шестгодишниот полицаец од полициската станица „Арачиново“ им се јавувал на мобилен телефон на двајцата скопјани и им ветувал дека може да им заврши работа. Пред четири дена тројцата се сретнале во кафулето „Дадо“ во населбата Радишани, каде полицаецот им ја покажал пресудата и им рекол дека ќе стапи во контакт со судијата. Едниот од оштетените го пријавил случајот во СВР Скопје. Во четврток се сретнале двајцата во мотелот „Ани“, при што додека седеле на маса, полицаецот ги побарал парите. Откако ги зел и ги ставил во десниот џеб од јакната, полицаецот бил приведен. При претресот кај него биле пронајдени и одземени парите
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

