Црна хроника
На слобода четворица од притворените за убиството на српскиот турист
Поради немање докази дека биле инволвирани во тепачката во која животот го загуби српскиот турист Дејан Новаковиќ, Основното Јавно обвинителство се откажа од кривично гонење на четворица од осуммината осомничени за убиството на српскиот државјанин
Како што беше објавено во петокот попладне, извори од охридското обвинителство соопштиле дека од обвинението се ослободени Јане Ш., Петар Ш., Борче Ч. и Јован Ѓ., сите од охридско и се очекува тие во текот на викендот треба да бидат пуштени на слобода. Во истражниот затвор во Скопје во притвор остануваат тројца охриѓани, а едно лице, српски државјанин, за кое постои основано сомнение дека било вмешано во инцидентот, се уште е недостапно за органите на прогонот. Одбраната на ослободените е задоволна од одлуката на Обвинителството кое се очекува утре и официјално да подигне обвинение за тепачката во која животот го загуби туристoт од Србија. Адвокатите на притворените очекуваат промена на обвинителниот акт кој осомничените ги товари за свирепо убиство, во обвинение за убиство од небрежност за што максималната казна затвор изнесува пет години. На 27-ми август по претходна расправија во кабаре, 30-годишниот српски државјанин Дејан Новаковиќ беше убиен во тепачка во која учествувале десетина лица. Веднаш по инцидентот беа уапсени седум лица од Охрид, а по два и пол месечен притвор четворица од нив се ослободени од обвинението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.

