Контакт

Црна хроника

Запленет течен кокаин во Македонија

Објавено пред

Македонската полиција заплени течен кокаин. Кокаинот не бил во обемна количина, но во ваквата форма за првпат се запленува кај нас

dobivaj vesti na viber

Пратката била од Венецуела и била транспортирана преку Лондон и Белград.Случајот е реализиран во соработка со полицијата на Велика Британија, а приведен е купувачот на кокаинот. Според информацициите, притворениот е гостиварец кој бил уапсен додека ја подигнувал пратката во пошта. Наводно цената на ова количество од течен кокаин  на црниот пазар може да достигне цена до 150 илјади евра.Министерството за внатрешни работи најави обелоденување на податоците во текот на денот. Засега нема имформации на кој начин е спакуван течниот кокаин. Имајќи предвид  дека на меѓуанродните аеродроми е зголемена контролата на поштенските пратки, особено кога станува збор за прашкести и течни материи се претпоставува дека со течниот кокаин биле натопени одредени предмети кои требало да ги  подигне обвиентиот.Во март 2006 г. граничните полицајци на скопскиот аеродром во Петровец уапсија перуански државјанин, кој се обиде во Македонија внесе 750 милилитри течен кокаин. Перуанецот Сотело Лупа дрогата ја носеше во личниот багаж а таа беше откриена во шише црвено вино скриено во торбите. Се претпоставува дека течниот кокаин во земјава требало да биде преработен во финален производ.  Истрагата тогаш покажа дека течниот кокаин требало да биде преработен во финален производ во Македонија. Лупа од свој сонародник добил 2,25 литри течен кокаин и за илјада долари требало да ги пренесе за лице во Скопје со псевдоним Канди. Лупа го преточил кокаинот во три шишиња како црвено вино, ставајќи во секое шише по 750 милилитри од кокаинот. Перианецот од Лима преку Хјустон во САД допатувал до Цирих а од таму во Скопје каде во неговиот личен багаж е откриен кокаинот, додека другите две шишиња останале на циришкиот аеродром.Инаку според полициски извори и пред десетина години, личност позната во балканското криминално милје која се уште се наоѓа на меѓународна потерница на Интерпол која уживаше и политичка заштита, преку скопскиот аеродром примала кокаин во течна форма. Според нашите соговорници, пратката којашто се повторувала неколкупати во текот на една година, се состоела од неколку шишиња скапо вино испратена од Колумбија. Во мај годинава и црногорската полиција уапси три свои државјани за примање течен кокаин од Перу наменет за европскиот пазар а во криумчарскиот синџир биле вклучени и три лица од Косово. Тогаш кокаинот бил на облека која била натопена со него.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Објавено пред

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.

dobivaj vesti na viber

Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.

„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.

Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Скијач од Словенија повреден на Титов Врв

Објавено пред

Од

Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.

dobivaj vesti na viber

Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.

Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми

Објавено пред

Од

Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.

dobivaj vesti na viber

Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.

Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...

Македонија4 часа

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на...

Топ5 часа

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...

Македонија7 часа

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...

Македонија9 часа

Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства

Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот...

Македонија9 часа

Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели, велат од МНР и апелираат граѓаните да се воздржат од патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на...

Македонија12 часа

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија12 часа

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија12 часа

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија13 часа

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија13 часа

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија13 часа

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија14 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија14 часа

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет18 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет18 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет19 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет19 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа19 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет19 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...