Црна хроника
Се повеќе жртви на македонските патишта
Намалување на бројот на сообраќајни несреќи, но зголемување на бројот на жртви регистрирало Министерството за внатрешни работи во текот на оваа година
На одбележувањето на Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, информираше дека во првите 10 месеци од годинава во Македонија се регистрирани 139 жртви, наспроти 136-те евидентирани за истиот период лани.„Гледајќи ги овие бројки, неопходно е сите да се мобилизираме и да се ангажираме, да работиме на планот на превентивното дејствување за да успееме во одредена временска динамика бројот на жртвите да го намалиме, односно да создаде побезбедни услови на патиштата во Република Македонија, изјави Јанкуловска.Како за илустрација, минатата година МВР превзело дури 250.000 мерки за сообраќајни прекршоци.На денешното одбележување, претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Никола Ангелковски најави дека до крајот на годината ќе бидат емитувани три спотови со цел да се подигне јавната свест во однос на безбедноста во сообраќајот.Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи денеска беше одбележан во центарот на Скопје со поставување на 160 пара чевли, како симбол на 160-те загинати во сообраќајни несреќи во 2009-та година
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.