Контакт

Црна хроника

Скопјанец загина при верижен судир

Објавено пред

Скопјанец загина во тешка сообраќајна несреќа при верижен судир на автомобили, што се случил на улицата „Њуделхиска“ во скопската населба Тафталиџе, кај Педагошкиот факултет вчера околу 18:30 часот, соопштува МВР

Според првичните информации, педесет и четиригодишниот Александар Обрадовиќ со својот автомобил „БМВ“ директно удрил во паркирано возило „шевролет лачети“, потоа во „шевролет калос“, кој исто така бил паркиран. Ударите продолжиле последователно во „лада самара“ и „пежо 206“.Поради сериозните повреди, Обрадовиќ починал на местото на несреќата, а неговото тело е предадено на обдукција.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Куќен притвор за лице во чиј дом беше најдено оружје

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

При извршен претрес на 17 октомври во домот на осомничениот, 32-годишен жител на село Копнаце, пронајдено е поголемо количество оружје и муниција и една автоматска пушка. Една рамка со 19 куршуми во калибар 7,62 мм, 162 куршума во калибар 7,62 мм за автоматска пушка, еден куршум во калибар 7,65 мм и еден пиштол „барета“. Пронајденото оружје и муницијата се одземени.

Надлежниот јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка од Основниот суд Тетово достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судот на осомничениот му определи куќен притвор во траење од 30 дена.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Маж најден мртов во стан во Скопје

Објавено пред

Триесет и шест годишен скопјанец рано утрово е најден мртов во стан на улицата Никола Русински во сопственост на П. П. (73). Како што соопшти МВР, станува збор за А. Г. од Скопје.

Според пријавеното, на А. Г. му се слошило додека бил со М. (36) и М. Д. (35). Смрт без траги на насилство констатирал лекар од ттната медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Прикажи повеќе...

Топ

Млад скопјанец се фрлил од вториот кат на зграда

Објавено пред

Во Полициската станица Центар во вечерните часови на 20 октомври било пријавено дека на скопскиот булевар Кирил и Методиј едно лице скокнало од стан на вториот кат.

Полицајци излегле на местото и било утврдено дека станува збор за 24-годишен скопјанец, кој од балконот скокнал во присуство на екипа на итна медицинска помош, која претходно пристигнала на местото.

Тој бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

„Тортура“ почнува од почеток по година и 8 месеци судење

Поради смена на поротник и поради истек на 90 дена, судењето за предметот „Тортура“ на СЈО почна од почеток. Судијката...

Македонија38 минути

Туск пред пратениците во ЕП: Голема грешка е одлуката за Северна Македонија и Албанија

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск денеска пред пратениците во Европскиот парламент рече дека е голема грешка тоа што не...

Свет1 час

Нарухито прогласен за јапонски цар, помилувани половина милион осуденици

Јапонската влада помилува околу 550.000 осуденици за помали кривични дела по повод востоличувањето на императорот Нарухито. Одлуката, одобрена од владата...

Свет2 часа

„Фејсбук“ ги објави новите мерки за претседателските избори во САД

„Фејсбук“ најави дека внимателно ќе ги следи „медиумите кои се контролирани од државата“ и се обидуваат да манипулираат со расположението...

Регион2 часа

Грчката полиција изнесе малолетници од кино на филмот „Џокер“

Во Грција изби широка полемика зошто полицијата минатиот викенд изнела малолетници од две кина во Атина, во кои се прикажувал...

Свет3 часа

Торнадо остави неколку илјади домаќинства без струја во Далас

Десетина илјади домаќинства и деловни објекти во Далас останаа без струја поради торнадо што го погоди овој американски град. Ударите...

Регион3 часа

Чавушоглу: Санкциите и заканите нема да нè спречат во офанзивата во Сирија

Меѓународните санкции или закани со санкции нема да ја присилат Турција да ја спречи својата афанзива во Северна Сирија, изјави...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски: Едногласно ја преименувавме коалицијата во „Обнова на Македонија“

По средбата со коалициските партнери, Мицкоски рече дека едногласно се договориле да го сменат името на коалицијата во „Обнова на...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски на средба со коалициските партнери

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во седиштето на партијата е на средба со своите коалициски партнери. Состанокот следува по...

Регион16 часа

Протест пред француската амбасада во Бугарија против одлуката на Макрон за Северна Македонија

Десетици интелектуалци, јавни личности и граѓани се собраа вечерва пред француската амбасада во Софија за да го искажат своето несогласување...

Свет17 часа

Претседателот на британскиот Парламент одби гласање за договорот за брегзит

Барањето на британската влада пратениците да гласаат со „да“ или „не“ за договорот за брегзит, што го постигна премиерот Борис...

Македонија18 часа

Конте: Преговорите за проширување на Балканот треба да почнат во ноември

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, порача дека Рим ќе предложи Европската Унија повторно во ноември да ги почне преговорите за проширување...

Топ19 часа

Млад скопјанец се фрлил од вториот кат на зграда

Во Полициската станица Центар во вечерните часови на 20 октомври било пријавено дека на скопскиот булевар Кирил и Методиј едно...

Македонија21 час

(Видео) Симовски: Нема попис во април, ќе се пролонгира

Април е непогоден термин за пописот и треба да се пролонгира, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика,...

Економија22 часа

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат, додека цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена...

Македонија22 часа

Столтенберг телефонски разговараше со Заев: Со нетрпение ја очекувам Северна Македонија во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на својот твитер-профил денеска напиша дека имал добар телефонски разговор со премиерот Зоран Заев...

Топ23 часа

Возило удри во две девојки – возачот прво побегнал, па потоа сам се пријавил во полиција

Две девојки се повредени во Скопје, кога возило удрило во нив на булеварот Кочо Рацин во Скопје. Возачот најпрво побегнал,...

Македонија1 ден

(Видео) Татко му на Боки 13: Не сум Сталоне па да тепам луѓе за една минута

Поради отсуство на скопската обвинителка Имран Османи, утрово во кривичниот суд беше одложено судењето за татко му на Боки 13,...

Свет1 ден

Студенти во Индија носат кутии на главите за време на испит за да нема измами

Индиските студенти носат кутии на главите за време на испитот за да спречат измама. Вакви фотографии се појавија во јавноста...

Европа1 ден

Aко планот на Џонсон не помине, ЕУ ќе го одложи брегзит до февруари 2020 година

Европската Унија ќе го одложи брегзит до февруари 2020 година, ако британскиот премиер Борис Џонсон не добие поддршка за неговиот...

Досие