Контакт

Црна хроника

Скопјанец починал во резервоар со гас

Објавено пред

Скопјанец починал откако претходно му се слошило додека проверувал резервоар со гас на бензинска пумпа во Гевгелија, информираат од МВР

Триесет ипетгодишниот Марјан Вељановски кој бил вработен во скопската фирма „Тега Инженеринг“ во средата околу 17 часот влегол во просторијата три до четири метри под земја,  каде бил сместен резервоарот со гас на бензинската пумпа „Тони петрол“ во село Негорци за да го провери.По кратко време му се слошило, а колегите се обидувале да го извлечaт со јаже, но не успеале.Противпожарната служба го извлекла Вељановски и во бесознание бил пренесен во Медицинскиот центар, каде по кратко време починал, но сè уште не се утврдени точните причини за смртта. Телото е предадено за обдукција.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Нападнат контролор во ЈСП

Објавено пред

Вчера И.И. (37) од Скопје пријавил дека околу 11.25 часот на автобуска постојка на улицата „Димитрије Чуповски“, додека извршувал работни задачи како конторолор во ЈСП, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од В.П. (29) од Скопје, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Маж од Словенија приведен на скопскиот аеродром, се однесувал агресивно со полицајците

Објавено пред

Вчера на скопскиот меѓународен аеродром полициски службеници го лишиле од слобода Д.Ѓ.(37) од Словенија затоа што се однесувал агресивно и навредувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

Од МВР велат дека мажот бил задржан во Полициското одделение Петровец и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Косовец внел кокаин во затворот Идризово додека бил во посета

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Скопје  поднесе обвинение до Основниот кривичен суд Скопје против косовски државјанин кој се товари дека при посета на затвореник донел дрога во затворот Идризово.

„Обвинетиот на 31 јануари во просториите на Казнено-поправната установа ‘Идризово’ во Скопје, при редовна посета на осудено лице, неовластено пуштил во промет наркотична дрога кокаин со нето-маса од 89,96 грама. При влезот во установата обвинетиот на затворскиот полициски службеник му предал пакет наменет за осуденото лице, во кој имало и една јакна. По извршениот претрес на пакетот, во внатрешниот џеб од јакната, во најлонско пакување обвиткано со селотејп, била пронајдена наркотичната дрога кокаин“, велат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, со оглед на тоа што и натаму постои опасност од бегство и можност тој да го повтори делото што му се става на товар.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа35 минути

Шести смртен случај од коронавирус во Италија

Шеста личност почина денеска од коронавирус во Италија. Според италијанските медиуми, починала жена од градот Крема, покрај Милано. Таа починала...

Македонија1 час

(Видео) Мицкоски: Заев бил премиер, судија и обвинител, утре протест против главата на Рекетот

Вчера бевме сведоци на болната вистина како Зоран Заев владее со Македонија и зошто државата е на дното, а тоа...

Македонија2 часа

Филипче апелира граѓаните да ги откажат патувањата во Италија

По петте смртни случаи од коронавирус во Италија, министерот за здравство, Венко Филипче, апелира граѓаните да ги одложат сите патувања...

Македонија3 часа

Филипче најави засилени контроли на аеродромите и границите поради ширење на коронавирусот во Италија

Поради новонастаната состојба со коронавирусот и проширувањето на вирусот во областите Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања во Италија, утрово министерот за...

Економија4 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените на...

Македонија4 часа

Притвореничка од истражниот затвор каде што е Ангела ќе сведочи за убиството на Пино

На денешното рочиште за убиството на Пино Секондо сведочеше жената на која обвинетите првично ѝ признале дека сториле убиство. Адвокатката...

Топ5 часа

Двајца скопјани повредени од огнено оружје во Бутел

Доцна синоќа во 00:21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Ферид Бајрам во Бутел биле слушнати истрели...

Европа5 часа

(Видео) Полиците во повеќе италијански маркети се целосно празни, луѓето се подготвуваат за епидемија

Во неколку помали места во италијанските региони Ломбардија и Венето, со население од околу 50.000 луѓе, од вчера на сила...

Европа5 часа

Четврта жртва на коронавирусот во Италија

Бројот на жртви од коронавирусот во Италија се искачи на четири, а бројот на заразени надмина 150. Според статистиката, во...

Свет7 часа

Сандерс: Ако треба би ја нападнал Кина

Фаворитот на партиските избори на американската Демократска партија за кандидат за претседател на САД, Берни Сандерс, воено би интервенирал против...

Свет7 часа

Нови 150 починати од коронавирусот во Кина

Кина денеска соопшти дека има нови 150 нови смртни случаи во епидемијата на коронавирусот, што е нов дневен рекорд откако...

Европа20 часа

Италија е трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Бројот на заразени со коронавирус во Италија значително се зголеми во последните три дена. До денеска се потврдени 152 случаи,...

Свет22 часа

Трет патник од бродот во Јапонија почина од коронавирус

Трет патник од крузерот „Дајмонд принцес“ во Јапонија почина од коронавирусот, објави денеска јапонското Министерство за здравство. 80-годишниот јапонски државјанин...

Европа23 часа

Десет градови во Италија во изолација поради коронавирусот

Десет италијански градови, претежно во Ломбардија, се ставени во изолација откако вчера беа потврдени два смртни случаи и речиси 80...

Македонија24 часа

Четворица пациенти по инцидентот во Романовце се во животна опасност

Во текот на денешниот ден во Клиничкиот центар во Скопје примени се седум пациенти со изгореници, повредени од експлозија на...

Топ1 ден

Три деца загинаа а шест луѓе се повредени во експлозија на плинска боца во куќа во Романовце

Три малолетни деца на возраст од 8, 9 и 11 години утрово загинаа во експлозија на плинска боца во семејна...

Свет1 ден

Во земјотресот меѓу Иран и Турција – седум загинати во Турција, има и затрупани

Најмалку седум луѓе загинаа, а некои се затрупани под урнатините од згради на југоистокот од Турција, по потресот со јачина...

Спорт1 ден

Шпанците го обвинуваат тетовскиот супер-агент Фаљи Рамадани за перење пари!

Фаљи Рамадани, еден од најмоќните фудбалски агенти на светот, е под истрага на шпанските власти за учество во шема за...

Македонија1 ден

(Видео) Милошоски објави нов аудио-материјал: Заев договарал одлуки со Врховниот суд

На прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Антонијо Милошоски објави нов материјал, кој рече дека како транскрипт му го доставил...

Топ1 ден

На автопатот „Пријателство“ во камион превезувани 43 мигранти од Бангладеш

Во близина на бензинска пумпа на автопатoт „Пријателство“, во правец од ГП Табановце- Куманово, синоќа полициски службеници од Полициска станица...

Досие