Црна хроника
Велешанец пет години ја малтретирал невенчаната сопруга
Шеесет итри-годишен велешанец речиси пет години ја малтретирал својата невенчана сопруга. Велешката полиција против него поднесе кривична пријава за телесна повреда
Најчесто во алкохолизирана состојба, велешанецот ја навредувал и со погрдни зборови ја напаѓал неговата невенчана сопруга. Осомничениот иако не живеел со неа, сепак постојано доаѓал во нејзиниот стан и влегувал на сила и ги извршувал сите негови животни потреби.Жената не можела да го избрка бидејќи била исплашена од постојаните закани кои и ги упатувал. Последната случка се одвивала на 21. октомври кога велешанецот со клоци и тупаници и се нафрлил на жената, заканувајќи и се дека ќе ја убие.Жената успеала да се оттргне и да повика полиција. Насилникот е задржан во полиција, а оттаму информираат дека пријавениот досега двапати бил на лекување во психијатриската болница во Бардовци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

