Црна хроника
Ограбена филијала на Стопанска банка во Битола
Во 12 часот напладне во саботата, при голема фреквенција од граѓани и возила ограбена е филијалата на Стопанска банка АД Битола во близина на Клиничкиот центар
Според првичните сознанија од увидот на полицијата, изразено високо машко лице со темен тен на кожата завиен со шал околу лицето влегло во банката и со вперен пиштол од вработената службеничка го одзел претпладневниот промет кој се проценува околу 400 илјади денари.Според исказите на очевидци кои сакаа да зборуваат со гаранирна анонимност, се’ се случило многу брзо Тие виделе човек завиен со шал кој со молскавична брзина излегол од банката и избегал во неопзнат правец.Луѓето од околните дуќани не сакаа да го коментираат случајот но беа видно вознемирени и зачудени што во Битола сред бел ден се случи ваков настанОва беше прв случај на грабеж на банка во Битола.Полицијата изврши увид на местотот на настанот заедно со истаржен судија и се работи на расветлување на случајот и откривање на сторителот
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

