Црна хроника
Бугари ограбиле од банкомати 18 илајди евра
Тројца бугарски државјани украле повеќе од 18 илјади евра со лажни платежни картички од банкомати на две банки во Скопје. Единицата за борба против организиран криминал против тројцата поднесе кривични пријави
Во јуни минатата година, бугарските државјани набавиле лажни платежни картички и ги употребиле како вистински. На банкомати од две банки во Скопје извршиле 111 успешни трансакции и украле околу 18.000 евра. Освен тоа направиле уште 169 неуспешни трансакции со кои би можеле да украдат уште 25.000 евра.Податоците во лажните картички биле во сопственост на македонски државјани, кои биле прибавени со монтирање на специјално изработени уреди за таа намена на банкоматите.Обезбедени се фотографии за пријавените лица при што извршената анализа на доставените видеозаписи од банкоматите. По извршената споредба е констатирано дека трансакциите ги вршеле тројцата бугарски државјани
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.
Црна хроника
Го нападнал синот во Струшко
Вчера во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник
Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар.

При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

