Црна хроника
24-годишно момче од Скопско повредено на фудбалски натпревар во Аеродром

24-годишно момче од Скопско пријавило дека било погодено со тврд предмет на фудбалски натпревар во скопската општина Аеродром.
Имено, вчера, во 13 часот, во СВР Скопје, Е. С. (24) од с. Коњари, Скопско, пријавил дека на 4.12.2022, околу 15.05 часот, за време на фудбалски натпревар на фудбалски терен на подрачјето на Аеродром – Скопје, неколку лица фрлале со тврди предмети кон гледачите, при што тој бил погоден.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Британци преку компјутерска измама оштетиле фирма за над 425 илјади евра

Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Т.С.(21) од Велика Британија, правно лице од Велика Британија и A.A.A.(44) од Велика Британија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама“.
Имено, првопријавениот, одговорно лице во правното лице и третопријавениот извршиле промена на компјутерски податоци, со што предизвикале невистинит резултат при пренос на податоци.
Преку електронска порака, до оштетеното правно лице од Пробиштип, испратиле лажни банкарски инструкции за меѓународно плаќање, врз основа на кои оштетеното правно лице извршило плаќање во износ од 425.653 евра кон банкарската сметка на второпријавениот, наместо на вистинскиот добавувач.
На тој начин тие причиниле вкупна материјална штета од 425.653 евра на правното лице од Пробиштип, соопшти полицијата.
Црна хроника
Приведен малолетник од Струшко, кај него пронајден гасен пиштол

Денеска, во близина на средно училиште во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга привеле малолетник од струшко село затоа што кај него бил пронајден гасен пиштол.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 80 од Законот за оружјето.
Црна хроника
Скопјанка се обидела со изгубена туѓа лична карта да аплицира за кредит

Скопјанка со туѓа изгубена лична карта се обидела да аплицира за кредит во банка.
Имено, пријавената пронашла изгубена лична карта на лице од Скопје по што со неа на 19.12.2022, во една филијала на финансиско друштво, аплицирала за одобрување брз кредит, со што имала намера да стекне противправна имотна корист во износ од 32.000 денари обидувајќи се да го доведе во заблуда вработеното лице во друштвото дека личната карта е нејзина.
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ. Ш. (33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама при добивање кредит или друга погодност по член 249 од Кривичниот законик.