Црна хроника
Инспектор од Гевгелија земал поткуп од руска државјанка
Инспектор за странци и реадмисија во Одделението за илегална миграција од Гевгелија доби кривична пријава за примање поткуп од 1.200 денари од руска државјанка, соопшти МВР
Инспекторот требало да и го продолжи привремениот престој во Македонија на руската државјанка, но иако тоа требало да го направи во рамките на своите овластувања, инспекторот и побарал пари.Минатиот месец, оштетената поднела барање за продолжување на дозволата за привремен престој во Македонија по основ на брак со македонски државјанин. Тогаш инспекторот и кажал дека на денот на подигнувањето на дозволата за престој и лична карта за странец треба на рака да му донесе 1.200 денари за утврдување на матичниот број.Руската државјанка заедно со нејзиниот сопруг го пријавиле случајот во Секторот за внатрешна контрола.По извршениот претрес во домот на инспекторот пронајдени се технички обработените пари. Против него е поднесена кривична пријава, а ќе се бара и дисциплинска одговорност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.
Црна хроника
Го нападнал синот во Струшко
Вчера во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник
Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар.

При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

