Црна хроника
Украдени документи од магацините на Перо Наков
Инспекторите од Управата за финансиска полиција денеска открија кражба во запечатените магацини на „Перо Наков“
Од изутрината инспекторите беа во објектот каде заедно со управителите на фирми од оваа адреса беа да ги отворат запечатените магацини од увидот пред Нова година.При извршениот увид инспекторите констатирале дека и покрај запечатувањето во магацините недостасувале 500 регистри. Според Управата, непознати лица влегле и ги украле регистрите во кои имало обемна документација.Точниот број на документи дополнително ќе се утврдува, бидејки состојбата во магацинот пред запечатувањето била снимена и фотографирана. Ова за Управата е доказ дека документи постоеле и сега се украдени, нешто за што според управата крадците не знаеле.Бидејки Управата се сомнева во сериозно кривично дело уништување докази , прикривање или помагање на осомничени сторители на кривични дела Управата со полицијата врши увид и зема отпечатоци од местото на кражбата.Истражителите во објектот на „Перо Наков“ се влезени уште од рано изутрина, а во телевизијата А1 и во другите фирми беше во контрола и трудовата инспекција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.
Црна хроника
Го нападнал синот во Струшко
Вчера во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник
Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар.

При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

