Црна хроника
Притворен соучесник во убиството во Куманово
Кумановската полиција го приведе соучесникот кој помагал при извршувањето на убиството на сопственикот на менувачницата во Куманово, соопшти МВР
Станува збор за дваесет и двегодишниот В.Љ., од кумановското, Чекерско село. Според информациите на полицијата, тој имал за задача да го следи сопственикот на менувачницата „Дај – Дам“.Било договорено кога тој ќе стигне пред менувачницата да му се јави на телефон на осомничениот за убиството Рамиз З.Откако си ја извршил задачата заминал од местото на убиството и слушнал истрели од огнено оружје.На соизвршителот му е одреден притвор од 30 дена.Во саботата рано наутро во центарот на Куманово беше убиен сопственикот на менувачницата „Дај – Дам“. Другиот ден беше приведен дваесет и двегодишен кумановец осомничен за убиството
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

