Црна хроника
Наркозависник до смрт претепа штипјанец за 450 денари
Старец од Штип доцна синоќа бил убиен на улица во Штип, соопштуваат од СВР Штип
Убиството се случило околу еден час пред полноќ, додека седумдесет и осумгодишниот Србислав Јовевски се движел заедно со уште двајца свои пријатели по улицата „Страшо Пинџур“ во Штип.Ги пресретнал триесет идвегодишниот Д.В., кој претходно и бил добро познат на полицијата, како долгогодишен наркозависник.Тој им барал пари, но тројцата пријатели се обидувале да го избегнат. Почнал да го удира едниот од нив, по што друг му ги дал сите пари што ги имал кај себе, вкупно 450 денари.Во целата расправија се вмешал и Србислав. Наркозависникот почнал да го удира човекот со тупаници и клоци, по што побегнал.Старецот успеал да го викне по телефон синот за да му помогне, по што паднал во бессознание. Тројцата пријатели се пренесени во медицинскиот центар во Штип. Јовевски подоцна им подлегнал на повредите.Телото на Јовевски е предадено на обдукција за да се утврди дали починал од ударите. Осомничениот за убиството е приведен и моментално е на информативен разговор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

