Црна хроника
Кочишки и другата управителка од „Перо Наков“ во домашен притвор
Поранешната директорка на А1 телевизија, Анета Кочишки и една од управителките на фирмите од „Перо Наков“, Невин Рауф се пуштени во домашен притвор
Вака одлучи Кривичниот совет, по жалбата на обвинителството, двете управителки да останат во истражниот затвор во Шутка. „Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција во врска со жалбата на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Скопје против решението на истражниот судија на овој суд КИОК.бр.62/10 од 08.02.2011 година во истражниот предмет со работен наслов „Пајажина”, донесе одлука со која го потврди првостепеното решение со кое е определен куќен притвор спрема обвинетите А.К и Н.Р“ се вели во соопштението од Основниот суд 1.Одбраната бараше двете управителки да бидат преместени во домашен притвор поради влошената здравствена состојба.На оваа одлука обвинителството поднесе жалба, по што кривичниот совет одлучуваше повторно денеска. Во домашен притвор се наоѓа и една од притвореничките која го изгуби плодот во затворот.Кривичниот совет се уште нема одлучувано по жалбите за притворот на останатите притвореници од случајот „Пајажина“.Откако истражниот судија одлучи сметката на А1 телевизија да биде одблокирана, во судот е поднесен и предлог од обвинителството, кое што бара повторна блокада на сметката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.
Црна хроника
10-годишно девојче тешко повредено од заталкан куршум во Глумово
Десетгодишно девојче од скопското село Глумово вчера било повредено од заталкан куршум. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што е пренесено, лекар констатирал тешки телесни повреди во пределот на ногата.
За случајот, кој бил пријавен вчера околу 16 часот во СВР Скопје, денеска информира Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.
-На 31.01.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа во с.Глумово, Скопско, од заталкано зрно било повредено 10-годишно девојче, во пределот на ногата, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди, информира МВР.
Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.

