Црна хроника
Кривична пријава за синот на Амди Бајрам
Синот на пратеникот Амди Бајрам, Габриел Бајрам, и уште три лица од Скопје добија кривични пријави за демолирањето на кафулето „My place“ во Дебар Маало, соопштуваат од МВР
Според документираните сознанија на полицијата, во вторникот околу 13:30 часот во локалот најпрвин влегол Габриел Бајрам со уште еден од пријавените и почнале да и викаат на шанкерката да им каже каде извесен Д.Ј. Откако шанкерката им одговорила дека не знае каде е, сопственикот на локалот се понудил да им помогне.Двајцата се упатиле кон сепарето каде што седел сопственикот и почнале да го навредуваат со пцовки и погрдни зборови, по што во локалот дошле и другите двајца пријавени.Бајрам со раце го фатил за јакната сопственикот и почнал да му се заканува дека физички ќе го нападне, додека неговиот другар почнал да го удира со столица во грб, за потоа сите пријавени да почнат да го тепаат.Сопственикот успеал да избега и да се скрие во тоалет.„Присутните малолетни лица уплашени од насилничкото однесување веднаш го напуштиле локалот, во моментот кога пријавените почнале да го кршат и превртуваат инвентарот во локалот. Вработената шанкерка исто така се уплашила за нејзината безбедност и се сокрила во кујната, затворајќи ја вратата“ соопштуваат од МВР.По физичкиот напад на сопственикот, пријавените почнале да го кршат инвентарот, ги превртеле масите и столиците и избегале. Направиле материјална штета од околу 100 илјади денари.Полицијата го повикала на информативен разговор и лицето кое го барала групата во кафулето, кој признал дека со Бајрам од пред еден месец имале нерасчистени односи во врска со купопродажба на возило. По четворицата пријавени распишана е потерница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

