Црна хроника
Двајца скопјани натепани од непознати насилници
Утринава во 04,40 часот, во Скопје на раскрсницата од ул.„К.Ј.Питу“ и ул.„Никола Карев“, М.А. (32) од Скопје бил физички нападнат од четири непознати лица. Бил тепан со клоци и тупаници во пределот на главата и телото.
Од нападот, М.А. се здобил со повреди-модринки и оток на носот и расекотина на челото, по што му била укажана лекарска помош во Градска општа болница-Скопје. Полициската станица Центар презема мерки пронаоѓање на сторителите. Вчера во 14,30 часот во полициска станица било пријавено дека 61 годишниот П.Т. од Скопје бил натепан од непознат насилник. П.Т е вработен во Македонски железници како распоредник на возни кондуктери. Пријавил дека претходниот ден во 15,40 часот во возот кој сообраќал на релација Скопје-Кочани, физички бил нападнат од непознато лице, при што бил удрен со тупаница во пределот на лицето. Од нападот, П.Т. се здобил со повреда-посекотина и оток на усната. Во тек се активности за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Починато машко лице пронајдено на автобуска постојка во Центар
Ноќеска во 00:05 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Центар е пронајдено починато машко лице без документација, наверојатно бездомник.
Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Црна хроника
Му пукнала петарда во рака: тешко повреден 12-годишник во скопски Аеродром
Ноќеска во 23:26 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 12-годишник од Скопје.
Според пријавеното, околу 23:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродором во Скопје, на малолетникот му пукнала петарда во рака, која ја тргнал со рака да не му падне на глава, а била фрлена од негов соученик.
Црна хроника
Пијан скопјанец паднал од трговски центар: со тешки повреди е пренесен во болница
Синоќа во 20:14 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен И.Д.(30) од Скопје.
Според пријавеното, тој под дејство на алкохол паднал од висина од трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

