Црна хроника
Повторно ограбени две цркви во Струшко
Пвоторно се ограбени две цркви во струшките села Селце и Буринец, соопштуваат од МВР. Како што соопштуваат од таму, мета на крадците овој пат биле црквите „Св. Никола“ и „Св. Пречиста“ во струшко
Непознат сторител со употреба на погоден премет, влегол во црквите и украл икони. Материјалната штета дополнително ќе биде утврдена, а се преземаат мерки за откривање на сторителите.Кражбите на цркви, станаа се почеста појава во струшкиот регион.Пред три месеца според информации на струшката полиција, од црквата „Свети Спас“ во планинското село Буринец крадците однеле две илјади денари, колку што во тој момент имало во објектот. Арамиите влегле насила со кршење на бравата од металната врата, додека од црквата „Света Богородица Пречиста“ во Локов влегле со кршење на бравата од дрвената врата на објектот од каде однеле една икона.Од Министерството за внатрешни работи велат дека се ангажирани на расветлување на случајот и евентуалното пронаоѓање на крадците за кои се претпоставува дека се дел од организирана група. Испитувањето на терен одело тешко поради оддалеченоста на двете села сместени во планината Јабланица. Полицијата пред пет месеци откри добро организирана група од Албанија која долго време вршела кражби на икони и други вредни предмети од црквите во Струга од кои беа однесени повеќе од 80 вредни икони од 18 и 19 век.Ова е седми пат за само неколку месеци како муслиманските гробишта во градот се мета на вандалски чин. Откако почнавме да ги уредуваме гробиштата, досега се украдени повеќе и од сто елки кои овде ги насадивме, а во последно време почнаа да ги кршат во раните утрински часови и светилките кои светат ноќе“, велат од Иницијативниот одбор кој се грижи за уредување на струшките гробишта.МВР го потврди настанот и соопшти дека се работи на расветлување на случајот. Неколку лица кои би можеле да помогнат во пронаоѓање на сторителите, се повикани на информативен разговор. Според полицијата, интензивно се бараат и лицата сторители на претходните инциденти.Во септември минатата година беше оргабена црквата „Свети Никола“ во Вевчани која од беа украдени четири икони, два метални крста, како и три примероци на Евангелието, еден сребрен Путир и други поситни предмети. Станува збор за една икона од свети Јован Крстител од 18-ти век, една руска икона од 19-ти век и една икона со ликот на Пресвета Богородица.<br />Претходно истот месец, непознати сторители извршија грабеж во уште три цркви во села од струшкиот атар, притоа одземајќи вредни стари икони. Ограбени беа двете цркви во селото Јабланица и една црква во селото Безево. Од црквите „Света Богородица“ и „Свети Мартинија“ во Јабланица се украдени седум и пет икони, додека од црквата „Свети Великомаченик Димитрија“ од Безево, пет икони. Провалниците тогаш украле и помала сума пари.Меѓу украдените икони се наоѓа и особено вредната што ја изработил познатиот зограф Дичо околу 1824 г.Претходно во периодот меѓу 30-ти и 5-ти септември 2009 г. во Струшко беа ограбени и црквите „Свети Архангел Михаил“ во Ташмаруништа и црквата „Света Богородица“ во селото Долна Белица. На 6-ти септември лани г. во „Свети Архангел Михаил“ во Ташмаруништа беше откриено дека се украдени девет икони и две позлатени царски двери.Извори од Министерството за внатрешни работи велат дека се преземаат опсежни мерки за откривање на ограбувачите на црквите. Најверојатно иконите се’ уште се наоѓаат во државата, засега нема потврда дека некои од овие вредни историски дела и предмети се пронајдени во полициската акција „Фаланга“ во која беше откриен синџир за илегална трговија со артефакти и уметнички предмети, за што во притвор се 23 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

