Црна хроника
Македонец вмешан во милионска измама во САД
Девет лица, меѓу кои и еден Македонец вчера беа обвинети од страна на федералната главна порота во Кливленд под обвинение за измама поврзана со пропаѓањето на Хрватската кредитна унија „Св. Павле“ минатиот април, пренесуваат американските медиуми
Федералните власти го посочуваат ова како едно од најголемите пропаѓања на кредитни унии во американската историја, што го чинел Националниот осигурителен фонд околу 170 милиони долари.Меѓу обвинетите се Ентони Рагуз од градот Ментор во Охајо и Кољо Николовски 48, кој има дом во Истлејк и во Скопје, МакедонијаНиколовски првично во јануари беше обвинет за банкарска измама и перење пари и оттогаш се наоѓа во затвор. Со ова се проширува обвинението кое вклучува и поткуп на банка.Во периодот од 2003 и 2009 година, Николовски заедно со Рагуз со измама се стекнале со заеми во вкупна вредност од 5.6 милиони долари кои не ги вратиле, стои во обвинението.Разгуз издал повеќе од 1.000 лажни заеми во вкупна вредност од 70 милиони долари, на вкупно 300 иматели на сметки во кредитната унија во периодот од 2000 до 2010. Тој е обвинет за банкарска измама, перење на пари и подмитување.Меѓу другите обвинети е и поранешната жена на Николовски, Роус Ен Николовски од Истлејк.Кредитна унија „Св. Павле“ со имот од 239 милиони долари има две филијали,една во Истлејк и една во Кливленд.Во април Националниот осигурителен фонд, агенција на федералната влада поради брзо влошување на финансиската ситуација во кредитната унија за време на првиот квартал од 2010 година ја презел 67 години старата институција.На крајот на април федералната влада ја ликвидира институцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко
На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.
Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“
Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

