Контакт

Црна хроника

Уапсен уште еден припадник на „Франкфурт мафија“

Објавено пред

Припадник на ткн. „Франкфурт мафија“ во четвртокот е уапсен во скопската населба Кисела Вода, информираат од МВР

dobivaj vesti na viber

Двасет ичетиригодишниот скопјанец е уапсен бидејќи по него бил изречен триесетдневен  притвор од страна на судот. Уапсениот се товари за кривично дело „перење пари и други приносиПред две седмици уште пет лица беа приведени во продолжението на полициската акција „Диригент“ која има за цел сузбивање на таканаречената „Франкфуртска мафија“ која се занимава со трговија на наркотици и перење пари во Австрија и Германија. Кон крајот на минатата година австриската полиција во Виена уапси 69 лица кои се сомничат дека се членови на македонска криминална група, која се занимава со шверц на дрога во западна Европа.  Тоа според, Сојузната канцеларија за криминалистички истраги во Виена, е една од најголемите полициски операции против организираниот криминал во Европа. Во текот на операцијата на австриската полиција биле спроведени неколку десетици рации.Претходиот ден македонската полиција во вчерашната акција „Диригент“ уапси 29 лица од четири града, а меѓу уапсените се и организаторите на озлогласената „Франкфурт мафија“. Во  акцијата во Скопје, Велес, Гевгелија и Свети Николе учествуваа 350 полицајци, а уапсен е Зоран Манасков – Скршениот, Спасе Димовски – Ајдукот и неговиот син Томе Димовски сите од Велес.„Франкфуртска мафија“ се формира кон средината на деведесеттите години од минатиот век, кога неколку велешани почнуваат со продажба на дрога во овој германски град.За само неколку години тие регрутираат десетици млади од градот што доаѓаат во Германија и почнуваат да работат за нив и да продаваат дрога. Секој член на оваа група имал своја задача, врбување, регрутирање, транспорт и дистрибуција на хероин и продажба.Тие успеале да завладеат со наркопазарот во Франкфурт благодарение на тоа што ја намалиле продажната цена на дрогата и ги зеле клиентите на нивните ривали, криминална група составена од Албанци од Косово, Албанија и од Македонија.Откако операцијата во Франкфурт била загрозена, тие се селат во Виена и на ист начин го освојуваат наркопазарот.Според информациите на австриската полиција, тие имале месечен обрт и до еден и пол милиони евра.Од октомври минатата година до февруари годинава во операцијата кривично се гонат 55  лица од кои 22 за „неовластено производство на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ и 33 за „перење пари и други приноси од казниво дело“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Приведен 15-годишник во делчевско по пријава за обљуба врз малолетничка

Објавено пред

На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, постапувајќи по претходна пријава од 17-годишна малолетничка.

dobivaj vesti na viber

Според пријавата, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа.

За настанот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а известен бил и родител на малолетникот. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Пронајдена граната од Првата светска војна во битолско село

Објавено пред

На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од село Добромири, битолско, пријавил дека во дворното место пронашол стара граната.

dobivaj vesti na viber

По пријавата, на местото излегол пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал гранатата. При извршената проверка било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.

Надлежните апелираат до граѓаните доколку пронајдат сомнителни експлозивни направи веднаш да ги пријават во полиција и да не ги допираат.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тешко повреден 17-годишен мотоциклист во сообраќајка во Битола

Објавено пред

На 28 февруари 2026 година во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило мерцедес со битолски регистарски ознаки и мотоцикл лонгиа, исто така со битолски ознаки.

dobivaj vesti na viber

Товарното возило го управувал З.В. (42) од Битола, додека мотоциклот го управувал 17-годишник од Битола.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет2 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет2 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет3 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа3 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет3 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет9 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет9 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет10 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија12 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија12 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија13 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет14 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет15 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет16 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет16 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет17 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет20 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија22 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет24 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...