Црна хроника
Во судар на три возила кај Прилеп, еден загинат и двајца повредени
Едно лице загина, а двајца се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Моша Пијаде“ во Прилеп, соопштуваат од полицијата
Во сообраќајката учествувале три возила, „застава101“, „фолксваген голф“ и „лада самамара“. Според информациите, незгодата се случила поради невнимателност на возачот на „заставата“ којшто прво удрил во „голфот“, а потоа и во „ладата“.При судирот загинал возачот на „заставата“, четириесет и шестгодишниот Марјан Смугрески од прилепското село Обршани, а возачите на другите возила се полесно повредени.Повредените се пренесени во прилепската болница, а телото на загинатиот кој починал при хируршка интервенција во прилепската болница е предадено на обдукција. Се уште се утврдуваат причините за несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

