Црна хроника
Апелација ќе одлучи каде ќе продолжи судскиот процес за случајот Новаковиќ

Апелациониот суд во Битола ја прими одлуката на охридскиот Основен суд за смена на Кривичниот совет за убиството на српскиот турист Дејан Новаковиќ
Како што пишува во четвртокот Охридњуз, до Битола се испратени и изјавите на охридските судии за изземање затоа што веќе постапувале по предметот во истражната постапка и согласно законот, никој од нив не може да го води процесот.Како што информираат од Основниот суд во Охрид, заедничка проценка на сите судии било да се испрати одлуката во Битола.„За да нема никаков сомнеж при работата на судот во постапувањето по предметот, за пристрасност и донесување на пресудата, оставаме Апелација да одлучи каде ќе продолжи судскиот процес“ е ставот на претседателот на Основниот суд, Владо Дејаноски.Од Апелациониот суд во Битола објаснуваат дека, по потпишувањето на изјавите на охридските судиите за изземање, на нив останува единствено да донесат одлука во кој суд ќе биде префрлен предметот, односно дали тоа ќе биде во Основниот суд во Битола, Прилеп или Струга, кои се под надлежност на Апелациониот суд во Битола.Инаку, одлуката за изземање на Кривчниот совет предводен од судијката Милка Танеска од случајот, кој започна во Основниот суд во Охрид, според адвокатите од одбраната е незаконска.„Одлуката за изземање на Кривичниот совет од постапката е донесена на барање на полномошникот на семејството на Дејан Новаковиќ, односно на оштетените, кој според Законот за кривична постапка не е странка во судскиот процес. Такво барање до судот може да поднесат само странките во постапката, а тоа се овластениот тужител и одбраната, но не и полномошникот на оштетените“, вели за Охридњус, адвокатот Игор Кичеец.Како што е познато, претседателот на Основниот суд Охрид, Владо Дејаноски, на барање на полномошникот на семејството на убиениот српски турист, во понеделникот донесе решение за изземање на Кривичниот совет кој го водеше судскиот процес за убиството на српскиот турист, поради пропусти во постапката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Мопед излетал од патот во Охрид: возило му го попречил правецот на движење

Вчера во 17.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „7 ноември“ во Охрид, мопед „кимко“, управуван од Т.Т.(44) од охридското село Куратица, излетал од коловозот.
Патнички автомобил „ровер“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.М.(60) од Скопје, кој се вклучувал во сообраќајот, му го попречил правецот на движење.
Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Црна хроника
Во сообраќајна незгода во Скопје тешко повредена девојка, која управувала електричен тротинет

Во сообраќајка што се случила во Скопје тешко е повредена девојка која управувала електричен тротинет откако се судрила со автомобил.
Според информациите на МЦР, вчера во 17.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ и Кеј „13-ти Ноември“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(55) од Скопје и електричен тротинет, управуван од Д.П.(24) од Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Изгореа подруми во зграда во Аеродром

Пожар избувнал вчера во подруми во зграда во Аеродром.
Според информациите на МВР, вчера во 11.28 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, во подрумските простории од станбена зграда настанал пожар.
Од пожарот биле зафатени четири подрумски простории. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Повредени лица нема.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.