Црна хроника
Ограбена чанта од скопјанка, штета околу 154.000 денари
Тројца маскирани непознати сторител вооружени со една автоматска пушка синоќа нападнале 40-годишна жена од скопското село Страчинци, при што и’ ја одзеле нејзината чанта во која се наоѓале пари и предмети вредни околу 154.000 денари, информираат од МВР.
Настанот се случил 10 минути пред 21:00 часот на крстосницата на улиците „Антон Попов“ и „Финска“ во Скопје, кога оштетената била пресретната од возило „Мерцедес“ без регистарски таблички од кое излегол еден од напаѓачите и откако и се обратил на албански јазик, и ја одзел чантата и побегнал.Во чантата имало паричник со 600 евра, 400 швајцарски франци, 7.000 денари, три мобилни телефона, лични документи, пет швајцарски електронски картички, накит, клучеви и козметички производи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

