Црна хроника
Фатен затвореник осуден за тероризам при обид за бегство
Осуденик од затворот „Идризово“ утрово нешто по 11 часот се обидел да избега, но бил фатен од страна на патрола на припадниците на полициската единица „Алфите“, соопштуваат од МВР
Станува збор за дваесет и шестгодишниот Фарук Река, осуден за тероризам во случајот со поставувањето на експлозив пред полициската станица Бит пазар во 2005 година. „Нешто по 11 часот при патролирање на Алфите го забележале затвореникот како прескокнува ѕид во кругот на затворот“ велат во МВР.Фарук Река заедно со Ферид Хајрулаху и косовецот Рамадан Шити во 2006 година беа осудени на вкупно 33 години затвор за тероризам во 2006 година.Река беше осуден на десет години, Хајрулаху на 11 години, а и двајцата според судот подметнале експлозив пред станицата Бит Пазар. Нападот го организирал Рамадан Шити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со џип му го пресекол патот и му се заканувал со пиштол: драма во Скопско
На 29.01.2026 околу 15:00 часот во СВР Скопје, Н.М.(43) од с. Долно Свиларе, скопско, пријавил дека околу 11:15 часот во с.Долно Свиларе, додека се движел со патничко возило, му бил пресечен патот од возило „џип“, управувано од Р.Н..
Тој излегол од возилото и му се заканувал со пиштол на пријавителот.
Полицијата информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Со остар предмет им се заканувал на снаата и синот па искршил дел од покуќнината
Утрово во 03:50 часот полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Б.Ш.(65) од Скопје.
ПОлицијата постапила по претходна пријава од неговата 58-годишна снаа дека на 29.01.2026 околу 22:00 часот во семејниот дом во Скопје, тој по претходна вербална расправија, со остар предмет упатил закани кон неа и нејзиниот 30-годишен син, а потоа искршил дел од покуќнината.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информираат надлежните.
Црна хроника
Изнајмил возило на три дена, платил само за првиот и не му го вратил автомобилот: кривична за стружанец
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ф.К.(38) од струшкото село Делогожда.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „затајување“.
Делото го сторил на 28.12.2025 година кога од Е.Џ. од Струга, изнајмил патничко моторно возило за времетраење од три дена, му извршил уплата само за првиот ден и возилото не му го вратил.
Со тоа, пријавениот го оштетил Е.Џ. за сума од 240.000 денари.

