Црна хроника
Кривична за поранешниот градоначалник на Македонска Каменица
Поранешниот градоначалник на Македонска Каменица, Перо Митревски доби кривична пријава за злоупотреба на службената положба, го оштетил општинскиот буџет за околу 50 милиони денари
Како што известувата од Министерството за внатрешни работи, Перо Митревски се товари дека какао градоначалник на Македонска Каменица во 2000 година во име на Фондот за комунален развој на општината потпишал два договори за изградба на кеј на Каменичка река и локален пат во село Саса, иако овластен за потпишување на вакви договори бил Фондот.Овие договори биле без да биде спроведена постапка за јавни набавки и не била утврдена количината на работата, иако вредноста на договорот била, вкупно 21.000.000 денари.Исто така Митревски вршел и други набавки за потребите на општината без да спроведе постапка за јавни набавки и потпишувал договори со фирмата „Пелагонија“ од Виница и ЈТД „Ловец“ од Македонска Каменица.За изградба на кејот на Каменичка река набавувал цемент од фирмата „Даком“ без тен-дер и без договор во вредност од 405.000 денари.Во 2008 година на фирма од Делчево незаконски и исплатил 1.113.000 денари за из¬вр¬ше-ни работи на водоводот во село Дулица.„Од 2000 до 2008 година општината вршела набавка и исплата на средства од општината во износ од 8.500.000 денари за изградба на објект “Градска црква“ , објект кој не е сопс-тве¬ност на општината. Овој објект бил предвиден да се гради согласно програмата за спро¬ве¬ду¬ва¬ње месен самопридонес која траела од 1998 до 2003 година, но според го-диш¬ни¬те извештаи од самопридонесот во 2000 и 2001 година биле наменети само 2.088.000 де¬на¬ри“ соопштуваат од МВР.Освен ова, градоначалникот платил и новогодишни коктели од 250.000 денари на фир¬ма-та „Фонтана – Камена“, на која како основач се јавувал токму тој. Со ова Митревски ги ште¬тил општинскиот буџет за 765 илјади евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко
На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.
Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“
Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

