Црна хроника
Македонските државјани низ Европа шверцувал кокаин вреден 15 милиони евра
Двајца Македонци и еден Албанец вчера биле уапсени во Албанија при обид да прошверцуваат 200 килограми кокаин
Македонските државјани кои го превезувале камионот, натоварен со кокаин, според неофицијални информации, не знаеле дека пренесуваат дрога.Во акцијата што ја иницирала шпанската полиција и преку Интерпол информирала за случајот, била вклучена и македонската полиција. Од македонското МВР велат дека имало договор меѓу полициите дрогата да не се запленува се додека не дојде во рацете на нарачателот, па поради тоа камионот ја минал цела Европа. Македонските власти го пуштиле камионот преку граничниот премин Ќафасан, во неделата. Според информации од македонската полиција, албанската полиција предвреме соопштила дека запленила дрога иако шпанската полиција ја иницирала акцијата.Кокаинот вреден 15 милиони евра кој бил запленет во градот Ѓирокастро, на југот на Албанија бил спакуван со десет тони масло од палма, наменет за бизнисмен од овој град кој имал слаткарска фирма.Камионот со кумановски регистерски таблички пред да влезе во Албанија, како што наведува обвинителството поминал низ повеќе европски земји вклучувајќи ја и Шпанија, Белгија, Австрија, Словенија, Хрватска Србија и Македонија.Според извори блиски до обвинителството, дрогата требало преку процес на дестилација да биде издвоена од маслото од палма.Албанската полиција соошти дека уапсила најмалку пет лица поврзани со шверцот на кокаин меѓу кои и македонските државјани.Албанија е важна земја на патот на дрогата кон западноевропските зеји. Меѓу 25 и 30 отсто од дрогата на европскиот Двајца македонски државјани вчера биле уапсени во Албанија при обид да прошверцуваат 200 килограми кокаин.Според извори блиски до обвинителството, дрогата требало преку процес на дестилација да биде издвоена од маслото од палма.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
СВР Тетово информира дека во 10:05 часот била пријавена сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Тетово.
На околу 500 метри после клучка Желино се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Ивеко” со скопски регистерски ознаки сопственост на „Македонија пат” управувано од Ј.С.(54) од с.Рогле, тетовско и товарно возило ,,Мерцедес” со скопски регистарски ознаки управувано од Н.С.(51) од Скопје.
– Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот Ј.С. констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово.
Увид на лице место е извршен екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Се преврте камион кај Желино
Тешка сообраќајна незгода се случи пред малку на автопатот Скопје – Тетово. Според првичните информации, камион се превртел веднаш по наплатната рампа кај Желино, што предизвика значителен застој во сообраќајот.
Блокирани се првите две ленти, а возилата се пропуштаат само по третата лента.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на условите на патот, да држат соодветно растојание и да бидат исклучително внимателни додека поминуваат на овој потег додека трае увидот и расчистувањето на теренот.
Топ
Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш
Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград – Ниш, кај клучката Умчари, пишува српски „Курир“.
Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот. Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.

