Црна хроника
Ослободени македонските државјани фатени со кокаин во Албанија?
Македонските државјани кои беа уапсени со 200 килограми кокаин во Албанија, најверојатно се ослободени. Од македонската полиција ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат информацијата
Според последните информации, кумановците кои го превезувале кокаинот во масло од палма, не знаеле дека пренесуваат дрога.Во акцијата што ја иницирала шпанската полиција и преку Интерпол информирала за случајот, била вклучена и македонската полиција.Од македонското МВР велат дека имало договор меѓу полициите дрогата да не се запленува се додека не дојде во рацете на нарачателот, па поради тоа камионот ја минал цела Европа. Македонските власти го пуштиле камионот преку граничниот премин Ќафасан, во неделата.Според информации од македонската полиција, албанската полиција предвреме соопштила дека запленила дрога иако шпанската полиција ја иницирала акцијата.Двајца македонски државјани вчера беа уапсени во Албанија при обид да прошверцуваат 200 килограми кокаин.Кокаинот вреден 15 милиони евра кој бил запленет во градот Ѓирокастро, на југот на Албанија бил спакуван заедно со десет тони масло од палма, наменет за бизнисмен од овој град, односно производител на колачи.Според неофицијални информации, тој го нарачал маслото, а задачата на кумановската фирма била само да го пренесе маслото. Камионот со кумановски регистерски таблички пред да влезе во Албанија, како што наведува обвинителството поминал низ повеќе европски земји вклучувајќи ја и Шпанија, Белгија, Австрија, Словенија, Хрватска Србија и Македонија.Според извори блиски до обвинителството, дрогата требало преку процес на дестилација да биде издвоена од маслото од палма.Албанската полиција соопшти дека уапсила најмалку пет лица поврзани со шверцот на кокаин меѓу кои и македонските државјани.Албанија е важна земја на патот на дрогата кон западноевропските земји. Меѓу 25 и 30 отсто од дрогата на европскиот пазар која доаѓа од Балканот, се пренесува преку Албанија.Се работи за најголема количина дрога фатена досега во Албанија, па и во последно време во Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 15-годишник во делчевско по пријава за обљуба врз малолетничка
На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, постапувајќи по претходна пријава од 17-годишна малолетничка.
Според пријавата, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа.
За настанот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а известен бил и родител на малолетникот. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Пронајдена граната од Првата светска војна во битолско село
На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од село Добромири, битолско, пријавил дека во дворното место пронашол стара граната.
По пријавата, на местото излегол пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал гранатата. При извршената проверка било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.
Надлежните апелираат до граѓаните доколку пронајдат сомнителни експлозивни направи веднаш да ги пријават во полиција и да не ги допираат.
Црна хроника
Тешко повреден 17-годишен мотоциклист во сообраќајка во Битола
На 28 февруари 2026 година во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило мерцедес со битолски регистарски ознаки и мотоцикл лонгиа, исто така со битолски ознаки.
Товарното возило го управувал З.В. (42) од Битола, додека мотоциклот го управувал 17-годишник од Битола.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

