Црна хроника
Велешани краделе шини и сообраѓајни знаци од железнички пруги
За тешки кражби и загрозување на безбедноста во сообраќајот заработија кривични пријави
Педесет и пет годишниот М.Н. и дваесет и пет годишниот С.П. од Велес заработија кривични оти украле крст и шина од железничка пруга. На почетокот на месецов, полицијата извршила контрола и преглед во автомобилот на М.Н., марка Лада, на локалниот пат Богомила-Велес, на раскрсницата Долги Рид и ги пронашле украдените предмети. Оилицијата, двајцата арамии ги привела во полициската станица во Чашка и по извршениот разговор со нив констатирала дека тие извршиле три тешки кражби и ја загрозиле безбедноста во сообраќајот во Велес, Чашка и Богомила. Осомничените во во три наврати со употреба на сила и подесен предемет оделе сообраќајни знаци Андреев крст кои биле поставени пред железничките премини кај ветеринарната станица во Велес и во селата Согле и Бистрица, додека пак од железничката пруга кај село Теово одзеле шини. СВР Велес до основното јавно обвинителство против двајцата велешани поднесе кривични пријави за тешки кражби и загрозување на безбедноста на сообраќајот. Тие и претходно биле пријавувани за кривични дела против имотот за што им биле изрекувани затворски и условни казни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко
На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.
Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“
Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

