Црна хроника
Уапсена четиричлена група за кражби од банкомати

Четиричлена група е уапсена за кражби од банкомати. Скопјанец, штипјанец, тетовец и прилепчанец во февруари и март од повеќе банкомати прибавувале банкарски податоци и изработувале фалсификувани платежни картички со кои краделе пари од банкоматите
Покрај апсењето на четвроицата, откриена е и првата работилница за изработка на скимери во земјата.Тони Атанасов од Штип за изработка на платежните картички набавил опрема со која изработил скимер за снимање на податоците од магнетната лента заедно со видео камера за снимање на ПИН кодови од платежните картички. Скимерот заедно со другите членови на групата неколкупати го монтирале на банкоматите во Скопје, Прилеп и Гостивар, со што добивала податоци од вистински платежни картички.Со податоците изработувале лажни платежни картички, со тоа што на пластичните картички со магнетна лента ги вметнувале податоците од скимираните платежни картици и вршеле нелегални трансакции на повеќе банкомати. „На овој начин пријавените извршиле скимирање на вкупно 83 податоци од платежни картички издадени од една македонска банка и во сопственост на македонски граѓани, од коишто злоупотребени биле вкупно 15 и со нив извршиле вкупно 23 успешни нелегални трансакции на сума од 482.500 денари притоа сторувајќи ги кривичните дела за кои се пријавени“ соопштуваат од МВР.Случајот го пријавила една од банките која во февруари и март примила неколку рекламации од клиентите за неовластено подигнување на пари од сметките на нивните картички.При прегледување на видео записите биле забележани неколку непознати лица кои неколкупати подигнувале пари од банкоматите.„По доставување на видео-записите од банката, од страна на Единицата за компјутерски криминал извршена е анализа на истите при што се идентификувани пријавените како можни сторители на ова кривично дело. Исто така лоциран е станот во Тетово што пријавените го користеле за вршење на нелегалните активности (изработување на опрема за скимирање на податоци од платежни картички и изработување на лажни платежни картички)“ велат од МВР.При претрес на нивните домови, пронајдени се опрема, алати и електронски уреди, од што може да се заклучи дека станува збор за работилница комплетно опремена за изработка на уреди за снимање на ПИН кодови од банкарски картички. Сите четворица, од кои дел и се познати на полицијата и од претходно се изведени пред истражен судија и им е одреден 30 дневен притвор, Ќе одговараат за правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување“, „изработка и употреба на лажна платежна картичка“ и „соизвршителство“, како и за „правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување“ и „соизвршителство“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Малолетен велосипедист загина на патот Струга – Охрид, во него удрил автомобил

Седумнаесетгодишен велосипедист загина кога во него удрил автомобил на патот Струга – Охрид.
Според информациите на МВР, вчера, во 11 часот, во полиција било пријавено дека на регионалниот пат Струга – Охрид, помеѓу село Подмоле и автокампот, К. Р. (21) од Струга, со автомобил „мерцедес“, со струшки регистарски ознаки, удрила во 17-годишен велосипедист од село Ливада, Струшко.
Од добиените повреди велосипедистот починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од итната медицинска помош.
К. Р. била пренесена во болницата „Св. Еразмо“, каде што ѝ биле констатирани телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на СВР Охрид.
Црна хроника
Уапсен скопјанец осомничен за 33 кражби во Битола и Охрид

Скопјанец на возраст од 21 година, со инцијали Р.М, бил уапсен на 6 март под сомнение дека извршил повеќе кривични дела тешка кражба и кражба на подрачјето на Битола и Охрид.
По целосно документирање на случајот, битолската и охридската полиција до надлежното Јавно обвинителство, против осомничениот ќе поднесенат кривични пријави за вкупно 33 кривични дела.
Од нив 23 ги извршил во Битола, односно две кривични дела тешка кражба во продавница, две кривични дела тешка кражба на велоспипед, две кривични дела кражба на велосипед и 17 кривични дела тешка кражба во патнички возила, додека, на подрачјето на Охрид извршил вкупно 10 кривични дела, од кои две кривични дела тешка кражба на велосипед и осум кривични дела тешка кражба во патнички возила.
Црна хроника
Прегазен велосипедист во Струшко, загинал на лице место

17-годишен велосипедист им подлегнал на повредите откако бил удрен од патничко моторно возило „мерцедес“.
Според информации од МВР, вчера во 11:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Охрид, помеѓу с.Подмоље и Автокамп, патничко моторно возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од лицето К.Р.(21) од Струга удрило во 17-годишен велосипедист од с.Ливада, Струшко.
Во незгодата, од здобиените повреди велосипедистот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од итна медицинска помош.
Женското лице со иницијали К.Р. која управувала со патничкото возило била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ каде ѝ биле констатирани телесни повреди.
На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Охрид, велат од МВР.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија4 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“