Црна хроника
Четворица кумановци успеале да им избегаат на полицајците од станица
Четворица кумановци, сторители на тешки кражби, вчера откако биле приведени успеале да им избегаат на полицајците од полициска станица
Според информациите од полицијата, лицата избегале пред 21 часот од просториите за задржување на лица со насилно отворање на вратите.Увид на местото извршиле истражен судија од судот во Куманово, јавен обвинител и секторот за внатрешна контрола. И увидните екипи утврдиле дека крадците насилно ги отвориле вратите и избегале.Веднаш по бегството, еден од крадците бил повторно фатен, а полицијата се уште трага по останатите тројца. Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди испитува евентуално одговорност и пропусти во работењето на полициските службеници што во тоа време биле на работа.Инаку четворицата кумановци се познати сторители на тешки кражби, додека против двајца од нив се поднесени кривични пријави за тргување со оружје и продавање дрога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.