Црна хроника
Тепачка во дворот на ОУ Григор Прличев- двајца малолетници лесно повредени
Двајца малолетници се лесно повредени во тепачка што се случила вчера, во дворот на Основното училиште „Григор Прличев„ во Охрид, јавува Ohridnews.
Тепачката се случилa околу 13 часот и 45 минути кога во школскиот двор се сретнале две групи ученици од седмо и осмо одделение. Во едната група имало и двајца ученици во прва година од средното училиште „Св.Климент Охридски“. При средбата, настанала меѓусебна вербална расправија, по што еден малолетник со пластична цевка го удрил неговиот врсник од другата група. Истиот се спротивставил и возвратил со удари со бокс, по што настанала меѓусебна тепачка со размена на повеќе удари со раце и нозе, здобивајќи се притоа со гребаници по телото.Со учениците, вчера во СВР Охрид, во присуство на нивни родители, извршен е разговор. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе преземе натамошни соодветни мерки согласно Законот за малолетничка правда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.