Црна хроника
Експлозивот на „леонот“ бил заштрафен на каросерија
Експлозивот што вчера беше поставен на автомобил во скопската населба Аеродром, а потоа демонтиран од страна на Одделот за антитероризам, бил заштрафен на каросеријата, соопштуваат од МВР
Автомобилот „сеат леон“, сопственост на триесет итри-годишна кочанчанка бил под НЛБ лизинг. Засега непознат сторител, на долниот дел од левата каросерија, во делот помеѓу возачкиот дел и задниот дел, монтирал експлозивна направа составена од метална кутија-тело во која најверојатно има пластичен експлозив и барутно полнење, кое било обвиткано со изолир трака и на истата монтирано запалка, најверојатно кинеско производство.Случајот во полиција го пријавил сопругот на кочанчанката. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје, а експлозивната направа е подигната од страна на Одделот за антитероризам.ПС-Аеродром презема мерки за расчистување на настанот
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

