Црна хроника
Судир на камиони кај Блаце
При судир на два камиони во близина на граничниот премин Блаце едно лице е полесно повредено, соопштуваат од МВР. Несреќата се случила претпладне, околу 11:30 часот, а граничниот премин кај Блаце беше неколку часа блокиран
Според полициски информации, во судирот учествувале камион со скопски регистерски таблици и камион на КФОР. Според првичните информации повреден е возачот од камионот со скопски регистерски таблици.Причините за несреќата и за тоа како се судриле камионите се уште се утврдуваат. Од полицијата велат дека се уште се врши увид на местото на несреќата. Според последните информации од полицијата, граничниот премин не е веќе блокиран и протокот на возила се враќа во нормала.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец вознемирувал италијански државјанин – кочел, возел пред него и на крајот го удрил
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Предизвикување општа опасност против 30-годишен скопјанец.
Тој на 14 ноември на булеварот „Партизански одреди” и околните улици, со општоопасно средство, предизвикал значителна опасност за животот и телото на италијански државјанин. Оштетениот управувал автомобил „Алфа Ромео Тонале“, со италијанска регистарска ознака, во кое била и неговата девојка. Кога се обидел да се престрои во левата коловозна лента, осомничениот, управувајќи возило „Алфа Ромео 147“ со скопски ознаки, ги претекнал со голема брзина, па неколку пати нагло кочел и застанувал. Кога двете возила свртеле во лево на улицата „Франклин Рузвелт“, осомничениот со своето возило правел нагли промени на коловозните ленти, го следел возилото на оштетениот и постојано нагло застанувал пред него, со што предизвикувал сообраќаен хаос.
Оштетениот се обидувал да избегне судар со возилото на осомничениот, но на улицата „Народен фронт“, осомничениот се вратил наназад со голема брзина и го удрил во предниот лев дел од возилото. Кога оштетениот застанал за да повика полиција, осомничениот се приближил со своето возило и фрлил тврд предмет кон нив, извикал нешто неразбирливо и се оддалечил од местото на настанот.
Заради обезбедување присуство на осомничениот и непречено водење на кривичната постапка, а имајќи ја предвид реалната опасност од бегство или од повторување на кривичното дело спрема оштетениот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
18-годишна девојка од Србија пријавила дека такси возач ја допирал по телото во Гази Баба
Oсумнаесетгодишна девојка од Србија синоќа во полицијата пријавила попладнето била вознемирувана од такси возач на подрачјето на Гази Баба.
Според нејзината пријава, додека се возела во такси возило, возачот ја допирал по телото и ја бакнал.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
34-годишна жена нападната од сопругот во Скопје, тетовец пријавен за телесна повреда врз сопругата
Во полицијата во Скопје вчера попладне пријавила 34-годишна жена од скопско село дека претходната вечер, околу 19:30 часот, била физички нападната од нејзиниот сопруг, 38-годишниот С.М., со кого во моментов се наоѓаат во бракоразводна постапка. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
СВР Тетово, пак, поднесе кривична пријава против 58-годишниот Ш.Е. од Тетово, поради сомнение за кривичните дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. Според пријавата, на 27 мај годинава, во семејниот дом, тој физички ја нападнал својата 49-годишна сопруга.

