Црна хроника
Пукање на автопатот Велес – Градско – еден убиен, еден повреден
Се’ уште се непознати сторителите коишто синоќа пукаа со автоматско оружје од автомобил „пежо 106“ кон автомобил „голф 3“ и го убија триесет идве-годишниот велешанец Блаже Стефанов, а го повредија четириесет и-две-годишниот Благој M на автопатот Велес – Градско
На местото на настанот доцна синоќа увид направи Истаржен судија, Јавен обвинител и СВР Велес. Од полицијата велат дека работат на расветлување на случајот, приведени биле две лица.Велешани, пак, ја расплетоа приказната. Станувало збор за расчистување на меѓусебна нетрпеливост. Пукотницата ја поврзуваат со неодамнешна тепачка но и со запален автомобил кон крајот на минатата година.Истрaгата сепак ќе го даде конечниот одговор, која е вистинската причина за синоќешниот вооружен инцидент во непосредна близина на автопатот Велес – Градско.Синоќа околу 20:10 часот непознати сторители стрелале од автоматско оружје кон „голф 3“ и од повредите на лице место починал возачот на автомобилот, Блаже Стефанов, додека сопатникот се здобил со повреди во долните екстремитети. Повредениот Благој М. Бил пренесен на хируршкото одделение во градската болница. Од таму велат дека тој е надвор од животна опасност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

