Црна хроника
Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка кај село Буковиќ
Еден загинат и двајца повредени, меѓу кои едно осумгодишно девојче е билансот од сообраќајката која што се случи вчера околу 18 часот на автопатот Скопје-Тетово, кај скопското село Буковиќ
„Голф“ со скопски регистерски таблици излетал од патот, удрил во заштитната ограда и се превртел. Со тешки повреди се здобила сопатничката, шеесетгодишната Саиде Рамадани од село Раовиќ, а возачот на автомобилот и осумгодишно девојче сопатник се здобиле со полесни повреди.На пат кон болница Рамадани починала, додека возачот и девојчето биле пренесени во Градската болница „8-ми септември“. Возачот е задржан на лекување, додека девојчето е пуштено дома. Извршен е увид на местото и се утврдува како автомобилот излетал од патот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

