Црна хроника
Двајца загианти и седуммина повредени во сообраќајка кај Страцин
Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа, 45 минути по полноќ на патот Крива Паланка – Куманово, кај Страцин. Две лица загинаа, а седум се повредени, од кои три деца, соопштуваат од МВР
Според нивните информации, сообраќајката се случила при судир на два автомобили, „лада рива“ и „рено“ со кумановски регистерски таблички.Од „лада нивата“ загинаа двајца сопатници, мајка и ќерка Фросина и Десанка Цветковски, а повредени се возачот и уште една мајка со своето седумгодишно дете.Од „реното“ повредени се возачот, сопатничката и две малолетни деца, родени 2007 и 2010 година.Извршен е увид на лице место и се утврдуваат точните причини за несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

