Црна хроника
За смрта на момчето осомничен припадник на „Тигрите“
Случајот за момчето, кое што во неделата вечер почина на плоштадот „Македонија“ во Скопје, за време на славењето на изборната победа, е расветлен
Министерството за внатрешни работи пред малку соопшти дека осомничен за смртта на момчето е припадник на специјалната единица „Тигри“, којшто е приведен.Идентификувано е и починатото момче, за што е известено и неговото семејство. Станува збор за Мартин Нешковски роден 1989 година, жител на скопската населба Козле.Осомничениот за убиството е Игор Спасов, полицаец од специјалната единица „Тигар“ на МВР, а вчера по 18 часот самиот се пријавил кај својот старешина и го признал злосторството што го сторил.Момчето починало рано утрото во понеделникот пред зградата на МЕПСО. Како што претходно јави Макфакс, телото на момчето кое почина на 6-ти јуни под се’ уште неразјаснети околности на плоштадот Македонија, е префрлено во капела во Бутел. Од судска медицина велат дека телото на момчето е префрлено во Бутел уште вчера. Од Основен суд 1, за Макфакс изјавија дека сè уште чекаат извештај од судска медицина за причините за смртта на момчето, и се очекува наскоро и тие да излезат со извештај за тоа дали имало траги на насилство. Момчето било донесено од страна на четири до пет лица од плоштадот, каде се одржувал Баскер фест, пред МЕПСО, бидејќи според укажувањата на сведоците, му се слошило, велат од СВР Скопје. Викната е Брза помош на лице место и констатирана е смрт. Истата вечер на плоштадот се случуваше и спонтана прослава на одредени приврзаници на политичките партии по повод изборите, но од СВР Скопје засега немаат информации дали инцидентот е поврзан со прославата.Вчера вечер стотина луѓе маршираа на плоштадот и низ центарот на градот со барање за итно расветлување на случајот. Протести на социјалните мрежи се најавуваат и за попладнево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа: кривична пријава за охриѓанка
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти.
Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.
Црна хроника
Гостиварец ја позајмил колата од негов братучед и ја продал за 4.500 евра
Гостиварец ја позајмил колата од братучед му и без негово знаење ја продал за 4.500 евра.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
На 26.09.2025, пријавениот позајмил патничко возило „фолксваген голф“ од негов братучед, а потоа го продал за 4.500 евра на друго лице од Скопје.
Топ
Автомобил удри во четиригодишно дете во Скопје, со тешки повреди е пренесено во болница
Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил.
Според информациите на МВР, вчера околу 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Живко Фирфов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од Скопје, удрило во четиригодишно дете од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

