Црна хроника
И го расекол лицето на сопругата за да ја замолчи
Поради семејна расправија жена од струмичко село завршила во болница со расечено лице. Сопругот кој и ги нанел повредите ќе одговара за семејно насилство
Расправијата во домот на 41. годишниот Т.Д. се случила синоќа. Тој со сопругата Л.Д. подолго време живееле во селото Дукатино. Неколкупати до сега имале семејни недоразбирања, но синоќешната кавга кулминирала и завршила со тешки повреди на лицето на сопругата. Според извори на Макфакс од истрагата, кавгата траела неколку часа. Жената никако не сакала да прекине со викањето, поради што револтот на гневниот сопруг кулминирал. Неколку пати ја опоменал да замолчи и да ја прекине кавгата, но таа и понатаму продолжувала да зборува. Нервозниот сопруг за да ја замолчи грабнал скалпел и ја фатил за косата. Некако успеал да ја наведне до подот со скалпелот и го расекол лицето околу брадата и устата викајќи и да замолчи. Соседите ги слушнале пискотниците од куќата на Т.Д. и повикале полиција која го привела насилникот. Повредената жена била однесена во болница каде и е санирана повредата. Полицијата работи на комплетирање на истрагата од која потоа ќе зависи каква пријава ќе биде поднесена против насилниот сопруг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

