Црна хроника
Кражба од милион денари во „Машино Експорт“
Тешка кражба се случила веечрта меѓиу четвртокот и петокот (09/10 јуни) година во времето од 17,00 до 10,30 часот на бул.„Александар Македонски“ во работилницата „Машино Експорт“ О
Од работилницата биле одземени три апарати за заварување, три шмитшајмни, три апарати за заварување, 100 монологни глодала, тврди парчиња за обработка на метал, 20 држачи за плочи, 60 стругарски ножеви, три котури жица за варење, два комплета гарнитура гедори и електрична рамнилица за дрво. Причинетата материјална штета изнесува околу 1.000.000 денари. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Скопје и во тек се мерки за пронаоѓање на сторителот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.