Црна хроника
Откриени 105 килограми марихуана, уапсени две лица

Пресечен е меѓународен канал со марихуана од Р.Албанија преку Р.Македонија во земјите на Западна Европа, при што се уапсени две лица, а запленети се околу 105 килограми марихуана, соопштија денеска од МВР.
„Одделот за недозволена трговија со дрога при Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, подолго време работеше на прибирање на сознанија во врска со криминална група од Македонија, која се занимавала со организирање на транспорт на поголеми количини на марихуана од Албанија преку Македонија за нарко пазарот во земјите на Западна Европа“, рече портпаролот на МВР, Иво Котевски.Марихуаната била пренесувана во ПМВ„Волво В-40“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од лице од с.Селце, тетовско и совозач од с.Стримница, општина Желино. При преглед на возилото во багажниот простор спакувани во торби пронајдени се 99 пакувања облепени со кафена селотејп лента во кои имало наркотична дрога марихуана, со вкупна бруто тежина од 104 кг. и 980 грама, информираат од МВР.Одземените пакувања се предадени во Одделот за криминалистичка техника на МВР. „Од првичните анализи утврдено е дека станува збор за квалитетна марихуана чија цена на западноевропските пазари изнесува околу 400.000 евра“, додаде Котевски.Во извршените разговори осомничените посочиле дека марихуаната ја подигнале во близина хотелот Еуротел во Струга и дека најверојатно нивните албански партнери ја внеле преку езерото.До Основно Јавно обвинителство Прилеп ќе биде поднесена кривична пријава против осомничените и истите ќе бидат изведени пред истражен судија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Мопед излетал од патот во Охрид: возило му го попречил правецот на движење

Вчера во 17.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „7 ноември“ во Охрид, мопед „кимко“, управуван од Т.Т.(44) од охридското село Куратица, излетал од коловозот.
Патнички автомобил „ровер“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.М.(60) од Скопје, кој се вклучувал во сообраќајот, му го попречил правецот на движење.
Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Црна хроника
Во сообраќајна незгода во Скопје тешко повредена девојка, која управувала електричен тротинет

Во сообраќајка што се случила во Скопје тешко е повредена девојка која управувала електричен тротинет откако се судрила со автомобил.
Според информациите на МЦР, вчера во 17.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ и Кеј „13-ти Ноември“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(55) од Скопје и електричен тротинет, управуван од Д.П.(24) од Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Изгореа подруми во зграда во Аеродром

Пожар избувнал вчера во подруми во зграда во Аеродром.
Според информациите на МВР, вчера во 11.28 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, во подрумските простории од станбена зграда настанал пожар.
Од пожарот биле зафатени четири подрумски простории. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Повредени лица нема.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.