Црна хроника
Рамковски: Нема злосторничко здружување, тоа се деловни односи меѓу компании
Првообвинетиот во случајот „Пајажина“, сопственикот на А1 телевизија, Велија Рамковски во својот исказ пред Судскиот совет ги отфрли како невистини обвиненијата кои го товарат за злосторничко здружување, перење пари, даночно затајување и злоупотреба на службената положба
Во своја одбрана Велија Рамковски денеска тврдеше дека не е виновен за делата кои му се ставаат на товар и дека не постои никаква злосторничка група. Според него, тоа биле деловни и финансиски односи меѓу компаниите.Рамковски истакна дека како стопанственик во текот на целиот негов работен век од 40 години, никогаш и од никого не барал да не се почитуваат законите, ниту, пак, имал намера, да не и’ плати данок и другите давачки на државата. Најмногу го погодил делот од обвинението дека тој како родител ги организирал сопствените деца и својот брат во злосторничка група. Сопственикот на А1 телевизија тврди дека сите трансакциски сметки биле банкарски и законски и дека немало никакво перење пари. На почетокот од денешното рочиште, Рамковски побара да му се објаснат два термина од обвинителниот кат „фиктивна позајмица која нема економска оправданост“ и терминот „дневен промет во готовина врз основа на компензација“, коишто според него биле суштински за обвинувањата. Во завршницата на денешното излагање пред судот, Рамковски, исто така, побара да му се замени мерката притвор, нему и на другите обвинети со мерката домашен притвор. Тој побара Судскиот совет да го земе предвид тоа што на најголем дел од сметките на фирмите кои се замрзнати има средства до сумата за која Кривичниот совет барал да бидат замрзнати. Што се однесува до А1 телевизија, според Рамковски, Судот имал на располагање околу милион евра. Тој смета дека ваквата гаранција е доволна да го замени притворот со домашен притвор. Рамковски, даде ветување дека нема да бега бидејќи, сакал да докаже дека е невин.Денешниот судски претрес во случајот „Пајажина“ кој во моментов е во прекин поради пауза, ќе продолжи со прашања што од на Рамковски ќе му бидат поставувани од претставникот на Обвинителство и судот Рамковски уште на минатото рочиште најави дека неговиот исказ ќе биде краток. Освен Рамковски, денеска исказ ќе треба да дадат и Амди Рамковски, братот на сопственикот на А1 телевизија, Невин Рауф и Зоран Мицевски. Додека еден од обвинетите дава исказ, во судницата нема да бидат присутни другите обвинети.По четири одложувања и многу приговори од страна на адвокатите, минатата седмица обвинителката Гордана Гешковска и нејзината заменичка неколку часови го читаа обвинителниот акт напишан на 79 страници за 23-та обвинети во случајот „Пајажина“.Обвинителството го товари Рамковски, за основање на 24 фирми во Македонија и странство кои биле раководени од останатите обвинети, негови роднини и блиски соработници. Според обвинението, Рамковски и соработниците преку меѓусебно плаќање невистинити фактури и фиктивни позајмици, вршеле перење пари и избегнувале плаќање данок. Се переле пари преку повеќекратно плаќање на исти веќе претходно платени фактури, и тоа на странски фирми кои според обвинителството биле раководени од злосторничко здружение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.
Црна хроника
Вработен во фабрика за медицински канабис во Охрид фатен со дрога
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.П.(42) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Според информациите на МВР, при излез од фабрика за производство на медицински канабис во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен хашиш.
Црна хроника
Ограбено финансиско друштво во Гази Баба, разбојникот ја скршил влезната врата
Разбојник ја скршил влезната врата на финансиско друштво во Скопје, влегол внатре и украл пари.
Вчера околу 05:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 19:00 часот на 09.02.2026 до 04:40 часот на 10.02.2026 со употреба на сила и подесен алат е скршено стакло од влезна врата на објект на финансиско друштво на подрачјето на Гази Баба во Скопје, по што е влезено внатре и се одземени пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

