Црна хроника
Немирен викенд во Скопје – петмина натепани во три напади
Тепачките од автобусите, се преселија на улиците. Петмина скопјани, меѓу кои и една жена викендов биле нападнати во Скопје соопшти МВР.
Првиот напад се случил завчера околу 00,40 часот на улица „Владимир Комаров“ во скопската населба „Аеродром“. Четири лица на возраст од 16 до 20 години без повод и причина нападнале двајца скопјани на возраст од 44 и 34 години.
Напаѓачите почнале да ги маваат двајцата скопјани со дрвени предмети и метална шипка по телата. Повредени биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје каде им биле констатирани телесни повреди. За кратко време биле пуштени на домашно лекување.
Вториот напад се случил вчера рано наутро околу 6,30 часот на автобуската за приградски линии во Транспортен центар под железничката станица. Две до три непознати лица нападнале четириесет и тригодишна жена, удирајќија со тупаници по тилот.
Жената паднала на земја, а напаѓачите продолжиле да ја удираат со клоци во главата и телото. Жената со црвенило и оток на десното око заминала дома, а во 22 часот на инсистирање на нејзиниот брат побарала лекарска помош во Ургентниот центар.
Третиот напад се случил вчера околу 12,40 часот на улица „Христијан Тодоровски Карпош кај фонтаната наспроти супермаркетот „Веро“ во населба „Чаир“. Додека дваесет и четиригодишно момче се шетал со шеснаесетгодишен другар биле нападнати со тупаници и клоци по главата и телото од непознато лице на возраст од 25 години. Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека напаѓачот бил од албанска националност.
Двајцата другари почнале да бегаат низ паркот кон зградата на општина „Чаир“, но напаѓачот ги стигнал и повторно почнал да ги удира, по што избегал.
Едниот од нив се здобил со повреда на левото колено и болки на главата-вратот, другиот имал болки во пределот на десното уво и левото колено, како и гребнатина на десниот показалец.
Полицијата работи на расчистување на случаите./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

