Црна хроника
Тетовци сакале да заработат од тепачките, на тезги продавале ладно оружје

Двајца тетовци сакале да заработат од меѓуетничките тепачки кои во изминатиов период се случуваа во Скопје и во Тетово.
Двајца тетовци сакале да заработат од меѓуетничките тепачки кои во изминатиов период се случуваа во Скопје и во Тетово. Процениле дека е зголемена побарувачката на ладно оружје, па на инпровизирани тезги во Тетово продавале метални боксирачи, пендреци на расклопување, ножеви и друг вид на ладно оружје.
Тетовската полиција вчера ги затекнала како го продаваат оружјето на две различни локации во Тетово и ги привела.
Едниот од нив, кој бил на возраст од 42 години, го продавал оружјето на импровизирана тезга на улица „Беличица“. На тезгата можело да се најдат 12 метални боксирачи, три метални пендреци на расклопување, три ножа и еден нож со метална рачка.
Во истото време на зелениот пазар, ваков вид на оружје продавал и четириесет и седумгодишен жител на Мала Речица.
Полицијата од неговата тезга запленила 25 боксирачи, девет метални пендреци, два ножа (“скакаквци’’ ), четири ножа на расклопување и два други ножа.
Двајцата се приведени во Полициската станица Тетово и со нив е извршен службен разговор.
Во полиција тврделе дека не знаеле дека продажбата на ладно оружје е незаконска, а рекле дека оружјето го набавувале во Скопје. Против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Полицијата при контрола на ранците и џебовите на учениците, по секојдневните тепачки коишто се случуваа изминативе две недели, пронајдоа метални палки на извлекување со гумени рачки, метални шипки, ножеви и боксирачи.
Во изминатиов период имаше над 20 повредени лица во тепачки во Скопје и Тетово што се случуваа во автобусите и на улиците. Дел од напаѓачите веќе се во притвор./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
(Фото) Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, уапсени три лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите законски овластувања, постапувајќи по наредба на јавен обвинител на 30.06.2025 во 18.30 часот на ул. „Климент Охридски“ во Струмица ги лишија од слобода Е.Б.(32) од село Попчево, струмичко и А.С.(39) и А.С.(24) од скопско.
При преглед на патничко возило „голф“ со фалсификувани регистарски ознаки, управувано од Е.Б., биле пронајдени шест торби со 100 пакувања марихуана, со вкупна тежина од околу 100 килограми.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По документирање на случајот, во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава и ќе бидат изведени пред судија од Основен суд Струмица, соопштија надлежните.
Црна хроника
Тројца повредени, меѓу нив и малолетник: „митцубиши“ управувано од 18-годишник излета од патот во Демир Капија

Синоќа во 22.50 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на обиколницата во Демир Капија, патничко возило „митсубиши“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(18) од Демир Капија, излетало од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Д.П.(19) и малолетник, двајцата од Демир Капија, констатирани во Општа болница Кавадарци.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Неготино.
Црна хроника
Три автобуси и комбе опожарени во близина на бензинска пумпа во Кочанско

Денеска (01.07.2025) во 02.30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во нас.Оризари, кочанско се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма.
Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Штип. Повредени лица нема.
Полицијата соопшти дека во текот на денот ќе биде извршен увид од увидна екипа од ОВР Кочани.