Црна хроника
Притвор за две момчиња за кражби во „Македонски пошти“
Двајца 18-годишни скопјани се уапсени и им е одреден 30-дневен притвор поради сомневање за извршени две кражби во филијали на „Македонски пошти“ и кражба од физичко лице, со што се стекнале со противправна имотна корист од 171.116 денари.
Во кражбите им помагал и 17-годишно момче, кое засега не е достапно за полицијата.
Според сознанијата на полицијата, првата кражба осомничените ја извршиле на 21-ви февруари во поштата број 1117 на ул. „Методија Митевски“ во Т.Ц. „Рајко Жинзифов“. Еден од нив вперил пиштол кон двајца вработени и одзел 31.116 денари.
Втората кражба ја извршиле два дена подоцна во поштата број 1138 на на ул. „Шуто Оризари“. Еден од осомничените извадил пиштол и од вработениот украл 120.000 денари, по пто побегнал со таски возило. Останатите двајца, кои чувале стража, побегнале со мотоцикл марка „априља“, по што на пат кон Чаир предизвикале сообраќајна несреќа и побегнале од местото. Полицијата при увидот утврдила дека се работи за украден моторцикл.
Уапсените се осомнилени и дека на 22-ри март на улицата „Александар Урдаревски“ од 39-годишно лице украле златен ланец вреден околу 20.000 денари.
Два дена подоцна двајцата се уапсени од припадници на мобилната единица „Алфа“. Констатирано е дека се работи за лица што биле регистрирани евиденцијата на полицијата за сторени кривични дела. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Седумдесет и петгодишен маж е најден починат во шахта
Седумдесет и петгодишен маж вчера е пронајден починат во шахта за водовод во гостиварското село Дебреше, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Вчера попладне С.Р., жител на Дебреше во полиција пријавил дека во шахта за водовод лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ. (75)“, се вели во полициското соопштение.
На местото на настанот, увид извршиле јавен обвинител и екипа на криминалистичката полиција.
Телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.
Црна хроника
При контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од деца
Министерството за внатрешни работи информира дека се одземени ножеви и боксирач од малолетници при вчерашната акциска контрола на СВР Тетово спроведена во периодот од 14:00 до 16:00 часот во угостителски објекти на подрачјето на Тетово.
-При контрола во угостителски објект на улица „Љубо Божиновски Пиш“, кај 17-годишен малолетник биле пронајдени и одземени неколку ножеви и метален „боксирач“. Истовремено, при контрола во објект во склоп на Спортскиот центар, кај двајца малолетници биле пронајдени и одземени ножеви, се наведува во соопштението на МВР.
Од МВР посочуваат дека сите малолетници се приведени во полициска станица во присуство на родители, а по целосно документирање на случајот биле предадени на нивните родители.
Црна хроника
Возач на комбе не забележал човек зад возилото, го удрил и тешко го повредил
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека на 30 јануари 2026 година, околу 16:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на објект во изградба на подрачјето на Ѓорче Петров се случила несреќа со тешки последици.
Според пријавата, М.Д., управувајќи товарно возило – комбе, при движење наназад не го забележал Д.З. (51) од Скопје, кој се наоѓал покрај ограда зад возилото, при што го удрил. Повредениот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

